понеделник - петок - 07:30 - 17:00 часот

ООУ Димката Ангелов - Габерот - Ваташа

ООУ Димката Ангелов - Габерот - Ваташа

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО УЧЕНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ЗА Е-УЧЕЊЕ

 

Почитувани ученици и родители, во поглед на настанатата ситуација, поради прекин на редовната настава, со цел овозможување на учениците да продолжат со наставната програма, нашите ученици ќе можат да проследуваат онлајн настава на Moodle платформа за е-учење каде наставниците ќе прикачуваат наставни материјали за учениците и преку која ќе се одвива комуникацијата со учениците и родителите. Учениците и родителите ќе имаат пристап на платформата преку креирани профили за одделението. И родителите и учениците имаат можност да ги гледаат и преземаат наставните материјали по предмети и ќе ги извршуваат своите зададени задачи. Линкот за пристап до платформата е следниот:

https://dagvatasha.moodlecloud.com/

За Нашиот Патрон

Тиквешијата со векови наназад била колевка на голем број револуционери и борци за слобода,кои нежалејќи го својот живот се бореле за поубава и посветла иднина на својот народ.Една од најзначајните личности од историјата на тиквешкиот крај е учителот,револуционер и борец,Димката Ангелов Габерот.Неговото име е толку врежано во свеста на луѓето што во срцата на народот од овој крај прерасна во легендарна личност.

повеќе информации за Димката Ангелов - Габерот

За Нашето училиште

На неполни 2km од Кавадарци се наоѓа селото Ваташа. Се спомнува ли Ваташа спонтано мислите ни запираат на три големини од нашето историско и револуционерно минато, 12-те Ваташки младинци, народниот херој Страшо Пинџур и легендарниот народен херој Димката Ангелов Габерот. 

Селото Ваташа е стара населба во која економскиот и и културно – просветниот развој почнал многу одамна, дури порано и од Кавадарци. Се вели дека првата печатница била отворена во 1936 год. во с. Ваташа од Даскал Камче. За прв пат училиште во с. Ваташа е отворено во 1918 год. и работи во старата зграда. Училиштето е пренесено во новоизградената зграда во 1948 год. и со Решение на Народниот Одбор на општина Кавадарци го добива името Димката Ангелов Габерот. Селото Ваташа гравитира кон општина Кавадарци и брои околу 800 семејства, односно 3600 жители. С. Ваташа е мултиетчка средина, која опфаќа 85% население од македонска националност и 15% од ромската заедница. Населението во с. Ваташа е претежно се занимава со земјоделство, а помладата популација во потрага по подобри услови за живеење својата егзистенција ја бара во Кавадарци. Кавадарци е град со познато културно – историско минато, град на грозјето и виното, сеpeнадата, а со право може да се каже дека е и индустриски град во кој најзначајно место завзена фабриката Фени – Индустри, која со својата работа е позната и надвор од границите на нашата држава. 

пријави се за новини

Д.А.Габерот - Ваташа

Димката Ангелов - Габерот од Ваташа е основно осумгодишно училиште на подрачјето на општина Кавадарци во село Ваташа.

работно време

Училиштето е отворено за настава и контакт секој ден од понеделник до петок

од 07.30 до 17.30 часот

контакт

каде се наоѓаме

адреса
ул.Страшо Пинџур бр.186 - Ваташа
контакт телефони
043/416-543
043/416-543
Печати