понеделник - петок - 07:30 - 17:00 часот

јавни информации

во овој дел објавуваме информации од јавен интерес

соработка со локалната заедница

информации
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Училиштето има успешна соработка со локалната средина, а целта на оваа соработка е да се стави во педагошка функција се што локалната средина може да понуди за поуспешно остварување на програмските задачи на училиштето, а исто така училиштето да влијае на подигање на културно – образовното ниво на месното население.

Во рамките на ова подрачје училиштето организира и реализира посебни програми за одбележување на значајни датуми, јубилеи и учество на културни манифестации.

  Учебната 2016/2017 бројот на учениците кои ја завршија оваа учебна година изнесува 223, а за учебната 2017/2018 бројот на ученици изнесува 222 ученик. Влијание на намалување на бројот на ученици се должи во најголема мера на миграцијата село – град, но истовремено и намалувањето на наталитетот на населението и незапазување-непочитување на реонизацијата дадена од Локалната самоуправа и списоците од МВР.

    Соработката на училиштето со семејството е комплексно подрачје и истото третира прашања од животот и работата на учениците, резултатите што ги постигнуваат во наставата, поведението и подобрување на резултатите во културно – образовната работа.

     Соработката со родителите училиштето ја остварува преку индивидуални средби, општи родителски средби и преку Советот на родители како највискок орган составен од по еден претставник од секоја паралелка.

     Орган на управување на училиштето е Училишниот одбор кој е составен од 9 члена. Училиштето има соработка со членовите на училишниот одбор, а на седниците се третираат прашања согласно Законот за основно образование и Статутот на училиштето.

      Училиштето располага со современи училници, опремени кабинети, уреден училишен двор кој ги задоволува потребите на учениците за повеќе активности.

  Наставниот кадар кој е носител на воспитно – образовниот процес во уучилиштето подготвено ги прифаќа промените и иновациите со цел реализирње квалитетна и ефикасна настава.

Последен пат изменето на Понеделник, 11 Декември 2017 10:20

пријави се за новини

Д.А.Габерот - Ваташа

Димката Ангелов - Габерот од Ваташа е основно осумгодишно училиште на подрачјето на општина Кавадарци во село Ваташа.

работно време

Училиштето е отворено за настава и контакт секој ден од понеделник до петок

од 07.30 до 17.30 часот

контакт

каде се наоѓаме

адреса
ул.Страшо Пинџур бр.186 - Ваташа
контакт телефони
043/416-543
043/416-543
Печати