понеделник - петок - 07:30 - 17:00 часот

јавни информации

во овој дел објавуваме информации од јавен интерес

К А Л Е Н Д А Р ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

информации
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Врз основа на член 40 став 3 од Законот за основното образование       („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16 и 67/17), министерот за образование и наука донесе

 

К А Л Е Н Д А Р

ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА УЧЕБНАТА 2017/2018

ГОДИНА ВО ОСНОВНИТЕ  УЧИЛИШТА

 

Член 1

 Со овој календар се утврдува организирањето на учебната година во основните училишта согласно програмските целини во наставната година: полугодие, други форми на воспитно образовна дејност и ученички одмор за учебната 2017/2018 година.                                                                                             

 

Член 2

            Учебната година во основните училишта почнува на 1 септември 2017 година, а завршува на 31 август 2018 година.

 Наставната година започнува на 4 септември 2017 година и завршува на 8 јуни 2018 година.

 

Член 3

Наставната година ја сочинуваат две полугодија - I и II полугодие.

Првото полугодие започнува на 4 септември 2017 година и завршува на 29 декември 2017 година.

            Второто полугодие започнува на 22 јануари 2018 година и завршува на 8 јуни 2018 година.

 

 

Член 4

Во текот на учебната година учениците користат зимски и летен одмор.

Зимскиот одмор започнува на 30 декември 2017 година и завршува на 21 јануари 2018 година.

Летниот одмор започнува на 9 јуни 2018 година и завршува на 31 август 2018 година.

 

Член 5

Основните училишта во времето од 11 јуни до 18 јуни 2018 година организираат дополнителна настава, поправни испити и одделенски испити, а од 14 август до 20 август 2018 година организираат подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат поправни испити и одделенски испити и ги спроведуваат истите.

 

Член 6

            Воспитно-образовната работа за учениците се организира во текот на целата работнa недела.

Воспитно-образовната работа за учениците се организира во следните саботи:

- 16 септември 2017 година со распоред на часови од понеделник;

- 11 ноември 2017 година со распоред на часови од среда,

- 17 март 2018 година со распоред на часови од петок и

- 14 април 2018 година со распоред на часови од петок.

 

Член 7

Во текот на наставната година во основните училишта се остваруваат 180 наставни денови.

 

 

 

Член 8

На денот на училиштето се организираат културни, спортски и други манифестации.                                                                                                              

            Традиционалниот ден на просветата за припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик се одбележува со организирање на културни и други манифестации.                                                    

 

Член  9

Работните деновите кога се изведуваат ученичките екскурзии, денот на училиштето и традиционалниот ден на просветата за припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик, се наставни денови кога се изведуваат посебни програми.

 

Член 10

Со денот на влегувањето во сила на овој календар престанува да важи Календарот за организација на учебната 2016/2017 година во основните училишта („Службен весник на Република Македонија“ бр.154/16).

 

Член 11

Овој календар влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 септември 2017 година.

 

 

  Бр.20-9963/2                                                                Министер за образование и наука,

 16.08.2017 година                                                               Рената Дескоска

      Скопје                                                                                                                                             

Последен пат изменето на Среда, 13 Декември 2017 08:44

Оставете коментар

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

пријави се за новини

Д.А.Габерот - Ваташа

Димката Ангелов - Габерот од Ваташа е основно осумгодишно училиште на подрачјето на општина Кавадарци во село Ваташа.

работно време

Училиштето е отворено за настава и контакт секој ден од понеделник до петок

од 07.30 до 17.30 часот

контакт

каде се наоѓаме

адреса
ул.Страшо Пинџур бр.186 - Ваташа
контакт телефони
043/416-543
043/416-543
Печати