понеделник - петок - 07:30 - 17:00 часот

јавни информации

во овој дел објавуваме информации од јавен интерес

ЗАКОН ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

информации
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

 

(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015 и 30/2016

ЗАКОН ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015 и 30/2016)
I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој закон се уредува задолжителното основно образование што се остварува во основните училишта (во натамошниот текст: основно училиште), како и дејноста на основното образование како дел од единствениот воспитно-образовен систем.
Член 2
(1) Секое дете има право на основно образование.
(2) Се забранува дискриминација по основ на пол, раса, боја на кожата, национална, социјална, политичка, верска, имотна и општествена припадност во остварување на правата од основното воспитание и образование, утврдени со овој закон.
Член 3
Целите на основното воспитание и образование се: - стекнување општи и применливи знаења што се потребни во секојдневниот живот или за натамошно образование, - хармоничен, интелектуален, емоционален и социјален развој на учениците соодветно со нивните способности, - развивање на писменоста и способностите на учениците за разбирање, информирање и изразување на македонски јазик и неговото кирилско писмо, - развивање на писменоста и способностите на учениците за разбирање, информирање и изразување, покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо, и на јазик и писмо на припадниците на заедниците кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик, - развивање самодоверба и свест кај ученикот за сопствената индивидуалност и одговорност за своите постапки, - воспитување за меѓусебна толеранција, соработка, почитување на различноста, основните човекови слободи и права, - развивање свест кај учениците за припадност на Република Македонија и негување на сопствениот национален и културен идентитет, - воспитување за општи културни и цивилизациски вредности кои произлегуваат од светските традиции, - усвојување општи и применливи знаења кои овозможуваат самостојно креативно дејствување во општествената и природната околина и развивање способности за расудување и за изразување во уметноста и културните традиции, - развивање на способности за истражување, експериментирање и решавање на
проблеми, - вклучување и водење грижа за развојот на учениците со посебни образовни потреби, - развивање на надареноста на учениците во различни области и - унапредување на здравиот начин на живеење и воспитување за преземање одговорност за сопственото здравје и за заштита на животната средина.
Член 4
Основното образование е задолжително, трае девет години и се организира во три воспитно-образовни периоди и тоа од прво до трето одделение, од четврто до шесто одделение и од седмо до деветто одделение.
Член 5
Родителот, односно старателот на ученикот (во натамошниот текст: родителот) е должен да му овозможи на своето дете да ја исполни обврската за задолжително основно образование и воспитание.
Член 6
За учениците со посебни образовни потреби се обезбедуваат соодветни услови за стекнување на основно воспитание и образование во редовните и посебните основни училишта и имаат право и на индивидуална помош за стекнување на основното образование и воспитание.
Член 7
(1) За децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство се организира настава за учење на македонскиот јазик и култура, а за припадниците на заедниците кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик и на мајчиниот јазик, во согласност со меѓународни договори ратификувани согласно со Уставот на Република Македонија.
(2) На децата на граѓаните на Република Македонија кои престојувале во странство и се вратиле во Република Македонија каде што го започнуваат, односно продолжуваат основното образование, основните училишта се должни да им помогнат во изучувањето на мајчиниот јазик.
(3) Заради успешно вклучување во воспитно-образовниот процес на учениците од ставот (2) на овој член, основното училиште во коешто е запишан ученикот организира индивидуална и групна дополнителна настава за совладување на мајчиниот јазик и за надоместување на знаењето од одредени наставни предмети.
(4) Наставата за учениците од ставот (1) на овој член се изведува според наставен план и програма што ја изготвува Бирото за развој на образованието (во натамошниот текст: Бирото), а ја утврдува министерот надлежен за образование (во натамошниот текст: министерот).
(5) Наставата за учениците од ставот (2) на овој член трае најмногу една година и се изведува според програма што ја изготвува Бирото, а ја утврдува министерот.
(6) Начинот и постапката за избор на наставниците кои ги остваруваат наставниот план и програма од ставот (4) на овој закон, како и начинот на утврдување на платите и трошоците на наставниците ги утврдува министерот.
Член 8
(1) Деца со странско државјанство или деца без државјанство, кои престојуваат во Република Македонија имаат право на основно образование под еднакви услови како децата државјани на Република Македонија.
(2) За децата од ставот (1) на овој член се организира настава по мајчин јазик, во согласност со меѓународните договори ратификувани согласно со Уставот на Република Македонија.
(3) Деца државјани на државите членки на Европската унија имаат право на основно образование под еднакви услови како и децата државјани на Република Македонија.
(4) Деца државјани на државите членки на Европската унија чии родители се со престој во Република Македонија каде вршат или вршеле самостојна дејност, односно кои се вработени или биле вработени на територијата на Република Македонија, имаат право на стекнување на знаење од мајчиниот јазик и култура на државата од којашто потекнуваат.
(5) Министерството е должно, во соработка со основачот на училиштето и државата од којашто потекнува ученикот од ставот (3) на овој член, а во согласност со можностите, да даде поддршка за стекнување на знаење од мајчин јазик и култура на државата од која потекнува ученикот.
Член 9
(1) Воспитно-образовната работа во основното училиште се остварува на македонски јазик и неговото кирилско писмо.
(2) За учениците на припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, воспитно-образовната работа се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница, на начин утврден со овој закон.
(3) Учениците од ставот (2) на овој член задолжително го изучуваат и македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
Член 10
(1) Основното образование се организира и остварува во основно училиште.
(2) Основно образование се организира и остварува и во здравствени установи, социјални установи, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, согласно со овој закон.
(3) Основното образование за учениците со посебни образовни потреби се организира и остварува во посебни основни училишта и во посебни паралелки при редовните основни училишта.
Член 11
Во основното училиште се забранува политичко и верско организирање и дејствување, како и истакнување на партиски и верски обележја.
Член 12
(1) Дејноста на основното училиште е од јавен интерес.
(2) Основното училиште има својство на правно лице и се запишува во Централниот регистар на Република Македонија.
Член 13
Основното училиште има печат. Во средината на печатот е грбот на Република Македонија, а од страната името на Република Македонија и името (назив) и седиште на училиштето.
Член 14
(1) Името на основното училиште е напишано на македонски јазик и неговото кирилско писмо.
(2) Во основните училишта во кои наставата се изведува и на друг јазик и писмо различен од македонскиот јазик, името на училиштето е напишано на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото на кое се изведува наставата.
Член 15
Во основно образование можат да се вклучат и возрасни лица, на начин утврден со закон.
Член 15-а
(1) Основното училиште собира, обработува, чува, испраќа и користи податоци содржани во збирките на податоци согласно со прописите за заштита на личните податоци, за потребите на интегрираната база на податоци која ја води Министерството.
(2) Збирките на податоци од ставот (1) на овој член се водат за следниве цели: - унапредување на процесите и процедурите потребни за управувањето со човечките ресурси, финансиите и инфраструктурата во основните училишта, - обезбедување навремени, конзистентни, целосни и точни податоци што ќе претставуваат поддршка на процесот на донесување одлуки, спроведувањето на образовната политика и планирањето на реформите во основното образование, - обезбедување на податоци неопходни за функционирање на други потсистеми (електронски дневник и екстерно проверување на постигањата на учениците) во
основното образование и - ефикасно управување со распределбата на средствата во децентрализираниот образовен систем, планирањето на изградба и реконструкцијата на училишната инфраструктура и унапредувањето на професионалниот развој на вработените во основните училишта.
Член 15-б
Во основното училиште се водат следниве збирки на податоци: 1) збирка на податоци за учениците запишани во основното училиште; 2) збирка на податоци за родители, односно старатели на ученици запишани во основното училиште и 3) збирка на податоци за вработените во основното училиште.
Член 15-в
(1) Збирката на податоци за учениците запишани во основното училиште од членот 15-б точка 1 од овој закон опфаќа ЕМБГ, презиме, татково име и име на ученикот, датум и место на раѓање, пол, припадност на заедница, мајчин јазик на ученик, адреса, место на живеење, контакт телефон, е-меил адреса, посебна образовна потреба, статус на ученикот (редовен/вонреден).
(2) Збирката на податоци за податоци за родители, односно старатели на ученици запишани во основно училиште од членот 15-б точка 2 од овој закон опфаќа сродство со ученикот, име и презиме, датум и место на раѓање, пол, припадност на заедница, адреса и место на живеење, контакт телефон, е–меил адреса и степен на образование.
(3) Збирката на податоци за вработените во училиштето од членот 15-б точка 3 од овој закон опфаќа ЕМБГ, презиме, татково име и име на вработениот, пол, припадност на заедница, датум и место на раѓање, адреса, место на живеење, општина, привремена адреса и место на живеење, државјанство, вид и степен на образование, последно завршено училиште/факултет, претходно работно искуство, категорија на вработен, работно место со фонд на часови, контакт телефон, број на службен телефон, е-меил адреса, вид на транспорт до работното место кој користи вработениот, инвалидитет, ФЗО подрачна единица, ПИОМ број, датум на вработување, датум на престанок на работен однос, основ за престанок на работен однос, статус на вработен (на неопределено/определено време).
(4) Личните податоци од ставовите (1) и (2) на овој член основното училиште ги добива од родителите/старателите на учениците, а личните податоци од ставот (3) на овој член ги добива од вработените во училиштето.
Член 15-г
(1) Родителот или вработен во училиштето во случај на промена на податок е должен да го извести училиштето во рок од седум дена од денот на настанатата промена, а училиштето е должно во рок од три дена да изврши промена во збирката на податоци.
(2) Родителот или вработен во училиштето имаат право на пристап до личните податоци содржани во членот 15-б од овој закон, како и да добијат препис или да ја копираат информацијата за личниот податок.
(3) Родителот или вработен во училиштето имаат право да бараат исправка на личен податок, со поднесување на писмено барање до училиштето.
(4) Училиштето е должно во рок од 30 дена да направи исправка и да го извести родителот, односно вработениот во училиштето за направената исправка.
Член 15-д
(1) Директорот на основното училиште, од редот на вработените во училиштето овластува лице, односно лица за обработка на личните податоци од членот 15-в од овој закон.
(2) Лицата од ставот (1) на овој член имаат обврска личните податоци да ги чуваат во тајност. До личните податоци пристап можат да имаат и други овластени стручни лица од министерот, на кои овие податоци им се потребни заради реализација на екстерното проверување на постигањата на учениците и електронскиот дневник, согласно со закон.
Член 15-ѓ
За целите на научните истражувања и подготовка на статистички анализи, личните податоци можат да се користат, објават и чуваат, но не во форма која овозможува идентитификација на лицето на кое се однесуваат личните податоци.
Член 15-е
(1) Збирката на податоци за учениците и збирката на податоци за родители, односно старатели на ученици кои ги води основното училиште се чуваат една година по завршувањето на основното образование на ученикот, односно една година по негово испишување од основното училиште.
(2) Збирката на податоци за вработените кои ги води основното училиште се чуваат до престанокот на работниот однос на вработениот во основното училиште.
Член 15-ж
Начинот на обработка на личните податоци, лицата кои се овластени да ги користат податоците содржани во поединечните збирки на лични податоци од членот 15-д од овој закон, критериумите според кои се утврдува нивото на пристап на лицата кои се овластени да ги обработуваат личните податоци, техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци, начинот на уништување по истекувањето на рокот на чување на личните податоци и други мерки ги пропишува министерот.
II. ОСНОВАЊЕ И ПРЕСТАНОК СО РАБОТА НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ
1. Основање на основното училиште
Член 16
(1) Основното училиште може да биде општинско или државно.
(2) Општинското основно училиште се основа од општината.
(3) Државното основно училиште се основа од Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Владата).
(4) Советот на општината донесува одлука за основање на основно училиште, по претходно прибавено позитивно мислење од Владата.
(5) Државните основни училишта кои ги основа Владата, се основаат за остварување на наставен план и програми за основно образование на одредени ученици за кои државата има посебен интерес (училишта за ученици со посебни образовни потреби).
(6) Општината, односно Владата може да основа и меѓународно јавно училиште во кое се остварува наставен план и програми на некој од светските странски јазици (англиски, француски, германски), кој на предлог на Бирото ги утврдува министерот.
Член 17
(1) Основно училиште може да се основа, ако: - има доволен број ученици за формирање на најмалку по две паралелки од прво до деветто одделение, - е обезбеден соодветен наставен кадар, - се обезбедени соодветни училишни простории, опрема и наставни средства согласно со утврдени нормативи и стандарди и - се обезбедени потребни финансиски средства.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член основно училиште може да се основа и кога нема доволен број ученици за формирање 18 паралелки, доколку основачот обезбеди доволно финансиски средства за работа.
(3) Нормативите и стандардите од ставот (1) алинеја 3 на овој член ги утврдува министерот, на предлог од Бирото.
Член 18
Основачот е должен при основање на основно училиште да формира комисија која во согласност со овој закон извршува подготовка за почеток со работа на училиштето.
Член 19
(1) Со актот за основање на основното училиште се утврдуваат: - името и седиштето на основното училиште,
- бројот на учениците, - реонот, односно реоните од кои се опфаќаат учениците, - јазикот на кој ќе се изведува наставата, - бројот на подрачни училишта, - потребниот наставен кадар, опремата, просторот според стандардите и нормативите, - програмата за воспитно - образовната дејност, - средствата кои основачот ги обезбедил за основање и почеток со работа на основното училиште и начинот на обезбедување на средствата и - започнувањето со работа на основното училиште.
(2) Основното училиште може да започне со работа откако Министерството надлежно за образование (во натамошниот текст: Министерството) ќе утврди дека се исполнети условите од членот 17 на овој закон и ќе донесе решение за верификација.
(3) Проверка за исполнетоста на условите за верификација врши комисија формирана од министерот.
(4) Против решението од ставот (2) на овој член може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
(5) Начинот на верификацијата на основното училиште го пропишува министерот.
Член 20
(1) Основното училиште во својот состав може да има подрачно училиште.
(2) Подрачно училиште се организира во населено место со мал број ученици, за што одлучува основачот, по претходно позитивно мислење од министерот.
2. Статут на основното училиште
Член 21
(1) Основното училиште има статут.
(2) Со статутот особено се уредуваат: организацијата и вршењето на воспитно- образовната дејност, називот, седиштето, управувањето и раководењето, правата и обврските на учениците, правата и обврските на вработените и други прашања од значење за работа на основното училиште.
(3) Статутот на основното училиште го донесува училишниот одбор.
(4) На статутот на основното училиште согласност дава Министерството.
3. Регистар
Член 22
(1) Министерството води централен регистар на основните училишта основани на територијата на Република Македонија.
(2) Секоја општина за своето подрачје води регистар на основни училишта и за тоа доставува податоци до Министерството.
(3) Регистрите од ставовите (1) и (2) на овој член се водат согласно Законот за општата управна постапка.
(4) Формата и содржината, како и начинот на водење на регистрите од ставовите (1) и (2) на овој член ги пропишува министерот.
3. Престанок со работа на основното училиште
Член 23
(1) Основното училиште престанува со работа, ако не се спроведуваат одредбите од овој закон и подзаконските акти што произлегуваат од него.
(2) Постапката за престанување со работа на основното училиште ја покренува и води основачот, а по претходна согласност на Министерството.
(3) Постапката за престанување со работа на подрачното основно училиште ја покренува и води основачот, по претходна согласност од министерот.
Член 24
(1) Основачот на основното училиште донесува акт за престанување со работата ако основното училиште: - не ги остварува целите и задачите на образованието и воспитанието и - престанало да ги исполнува условите утврдени со овој закон.
(2) По донесувањето на актот за престанување со работа на основното училиште, основачот е должен на учениците да им обезбеди да го продолжат образованието, на товар на основачот.
(3) Основното училиште по донесувањето на актот за престанување со работа се брише од регистрите од членот 22 ставови (1) и (2) на овој закон.
(4) Актот за престанување со работа на основното училиште се објавува во “Службен весник на Република Македонија” и службеното гласило на општината.
(5) Основачот во рок од три дена по донесувањето на актот за престанување со работа на основното училиште, го известува Централниот регистар на Република Македонија за бришење од регистарот.
III. ПРОГРАМИ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА РАБОТА ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ
1. Наставен план и наставни програми
Член 25
(1) Министерот ја утврдува Концепцијата за основно воспитание и образование, врз основа на која се донесуваат наставниот план и наставните програми за основно образование (во натамошниот текст: наставен план и програми).
(2) Во основното училиште воспитно-образовната работа се организира и остварува според наставен план и програми кои, на предлог на Бирото, ги утврдува министерот.
(3) Наставниот план за основното училиште содржи задолжителни и изборни предмети, дополнителна и додатна настава, како и часови за одделенската заедница.
(4) Со наставниот план се определува годишниот и неделниот број на часови за наставата одделно по задолжителните и изборните предмети, нивниот редослед по одделенија, бројот на неделните часови за дополнителна настава, часовите за додатна настава и часот за одделенската заедница.
(5) Со наставните програми се определуваат наставните цели, содржините, основните поими, активностите и методите во наставата, оценувањето на постигањата на учениците, условите за реализирање на наставната програма и нормативот за наставен кадар.
(6) Со наставните програми се определува задолжителното користење на информатичко-комуникациските технологии во училиштето за реализација на воспитно-образовната работа.
Член 25-а
Избришан
Член 26
Министерството за секој ученик во основното образование обезбедува една книга (лектира) заедно со ЦД на англиски јазик, за учениците да се стекнат со поголемо знаење на англиски јазик, преку истовремено читање и слушање на изговор на природен, мајчин англиски јазик.
Член 27
(1) Дополнителна настава се организира за ученици кои покажуваат континуирано слаби резултати во учењето, а особено ако: - имаат најмалку две слаби оценки, - имаат слаби резултати по одреден наставен предмет, - отсуствуваат од наставата по одреден наставен предмет и - на барање на ученикот или неговиот родител, односно старател.
(2) Наставникот кој ја реализира наставата по наставниот предмет ги задолжува учениците од ставот (1) алинеја 1 на овој член за посета на дополнителна настава, а за учениците од ставот (1) алинеи 2 и 3 на овој член дополнителна настава се организира по оценка на наставникот.
(3) Ученикот упатен на дополнителна настава во текот на еден месец посетува дополнителна настава најмногу по два наставни предмети со најмногу четири наставни часови по наставен предмет.
(4) Доколку ученикот не ги посетува часовите по дополнителна настава добива неоправдан изостанок.
(5) За упатувањето на ученикот на дополнителна настава наставникот задолжително го известува родителот, односно старателот.
Член 28
(1) Додатна настава се организира за учениците кои постигнуваат значителни резултати по одделни наставни предмети (талентирани ученици).
(2) Додатната настава за учениците од ставот (1) на овој член наставникот е должен да им ја понуди на учениците, а учениците одлучуваат дали ќе ја посетуваат додатната настава.
Член 28-а
(1) Основното училиштето најдоцна до 20 септември во тековната учебна година треба да истакне распоред за дополнителна и додатна настава за секој наставен предмет, на видно место во училиштето и истиот да го достави до Државниот просветен инспекторат.
(2) За наставникот кој неоправдано нема да ја реализира дополнителната и додатната настава согласно со распоредот од ставот (1) на овој член ќе се поведе постапка за дисциплински престап.
(3) За дисциплинскиот престап од ставот (2) на овој член на наставникот му се изрекува дисциплинска мерка парична казна од 10% до 30% од едномесечниот износ на нето платата исплатена на јавниот службеник во месецот пред извршување на дисциплинскиот престап, во траење од три до шест месеци.
Член 28-б
(1) За учениците Министерството може да обезбеди дополнителни часови по предметите кои се дел од наставната програма во учебната година во која е запишан ученикот, a по кои предмети ученикот имал оценка помала од одличен (5) во претходната учебна година.
(2) Дополнителните часови од став (1) на овој член ги реализира тутор/волонтер, согласно Програмата за обезбедување на туторство на ученици од основното образование, која ја утврдува министерот.
(3) Под тутор/волонтер, во смисла на овој закон, се смета редовен студент кој доброволно подучува ученици и кој ги исполнува посебните критериумите за избор за тутор/волонтер пропишани во програмата од став (2) на овој член.
Член 29
На часот на одделенската заедница се разработуваат содржини за личниот и социјалниот развој на учениците според програма што ја утврдува министерот, на предлог на Бирото.
Член 30
(1) Наставниот план и програми за основно образование на ученици со посебни образовни потреби во посебните училишта и посебните паралелки во основните училишта ги утврдува министерот, на предлог на Бирото.
(2) За учениците со посебни образовни потреби задолжителните и изборните предмети се реализираат со прилагодените програми според нивните посебни образовни потреби.
Член 31
Наставниот план и програми за основно музичко и балетско образование и начинот на нивното остварување, ги утврдува министерот, на предлог на Бирото.
Член 31-а
(1) Во основното училиште може да се реализираат експериментална програма и развојно-истражувачки проект, заради унапредување на воспитно-образовниот процес.
(2) Експерименталната програма и развојно-истражувачкиот проект од ставот (1) на овој член ги изготвува и/или предлага Бирото, а ги донесува министерот.
2. Проширена програма
Член 32
(1) Во основното училиште се реализира и проширена програма според Концепцијата за основно воспитание и образование.
(2) Проширената програма на основното училиште опфаќа организирано прифаќање и заштита на учениците еден час пред започнување на часовите за редовната настава и еден час по завршувањето на редовната настава, како и продолжен престој.
Член 33
(1) Основното училиште за учениците во прво, второ и трето одделение организира прифаќање и заштита на учениците еден час пред започнувањето на часовите за редовната настава и еден час по завршувањето на наставата, во согласност со родителот.
(2) Основното училиште за учениците од прво до трето одделение може да организира продолжен престој со учениците од иста паралелка, по добиена согласност од Министерството. Во продолжен престој учениците се вклучуваат во согласност со родителот.
(3) Ако се обезбедени услови и средства од основачот, основното училиште може да организира продолжен престој за учениците во групи и тоа, од прво до петто одделение со ученици од исто одделение, или од прво до трето и од четврто и петто одделение со ученици од различни одделенија. Во продолжен престој учениците се вклучуваат во согласност со родителот.
(4) За време на продолжениот престој учениците учат, ги работат домашните задачи, работат други училишни обврски и учествуваат во културно-уметнички и други активности, согласно со годишната програма за работа на училиштето.
Член 34
(1) За развивање на различните интереси на учениците, основното училиште организира слободни ученички активности коишто се определени со годишната програма за работа на училиштето.
(2) Учениците во слободните ученички активности се вклучуваат доброволно.
(3) За учениците што покажуваат особен успех по одделни предмети се организираат натпревари на општинско, регионално и државно ниво.
(4) Натпреварите ги организираат акредитирани здруженија на наставници.
(5) Здруженијата на наставниците треба да бидат акредитирани од Министерството, на предлог на комисија за акредитација на здруженија на наставници формирана од министерот, во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за акредитација на натпревари на ученици.
(6) Комисијата е составена од седум члена од кои тројца се претставници од Mинистерството, тројца од Бирото и еден претставник од мнозинскиот синдикат на наставници. Еден член од комисијата е претседател, кој го именува министерот.
(7) Основни критериуми за акредитација на здруженијата на наставници за организирање на натпреварите се натпреварите на учениците да се организирани од страна на наставници што изведуваат настава по одделен наставен предмет, здруженијата на наставниците да се регистрирани како здружение најмалку три години до денот кога аплицираат за организирање на натпревари и да обезбеди организирање на натпревари на целата територија на Република Македонија на сите наставни јазици.
(8) Здружението на наставници за добивање на акредитација за организирање на натпреварите до Министерството поднесува барање со следната документација во прилог, и тоа: - документ за регистрирана дејност од Централен регистар на Република Македонија, - тековна состојба на здружението на наставници издадена од Централен регистар, - биланс на состојба и биланс на успех на здружението на наставници издадена од
Централен регистар на Република Македонија, - статут на здружението на наставници, - правилник за организирање на натпреварите на здружението на наставници и - тригодишен календар за спроведување на натпреварите за учениците во основните училишта во кои ќе бидат содржани наставните предмети, временскиот период за реализација на натпреварите и одговорните наставници кои ќе бидат вклучени во организацијата и реализацијата на секој од натпреварите.
(9) Образецот на барањето од став (8) на овој член и потребната документација за издавање на акредитација за организирање на натпревари ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на образованието во согласност со министерот за информатичко општество и администрација.
(10) Овластеното службено лице од Комисијата кое ја води постапката од став (5) на овој член е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето за акредитација за организирање на натпревари, по службена должност да ја побара документацијата од став (8) алинеите 1, 2 и 3 на овој член за која надлежниот јавен орган води службена евиденција.
(11) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој е побарана документацијата од став (8) алинеите 1, 2 и 3 на овој член е должно да ја достави бараната документација во рок од три дена од денот на приемот на барањето.
(12) За освоено прво место на натпревар на државно ниво на ученикот и неговиот наставник им се доделува парична награда, чија висина ја утврдува министерот, на предлог на комисијата од ставот (6) на овој член.
(13) Ако е освоено прво место на натпревар на државно ниво од група ученици, на учениците и на нивниот наставник им се доделува парична награда, чија висина ја утврдува министерот, на предлог на комисијата од ставот (6) на овој член.
(14) Висината на паричната награда од ставот (12) на овој член е во износ најмногу до 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред доделувањето на наградата.
(15) Висината на паричната награда од ставот (13) на овој член за групата ученици е во износ најмногу до една и половина просечна нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред доделувањето на наградата и се исплаќа на начин што наградата се дели на сите ученици во групата во подеднаков износ, а на наставникот во износ најмногу до 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред доделувањето на наградата.
(16) Начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети на општинско, регионално и државно ниво ги утврдува министерот, на предлог на Бирото.
(17) Начинот на изведувањето на училишните екскурзии и другите слободни активности на учениците ги утврдува министерот, на предлог на Бирото.
Член 34-а
За развивање и унапредување на сите форми на спортски активности на учениците, најмалку пет наставници кои засновале работен однос на неопределено време во основното училиште, основаат училишен спортски клуб, согласно Законот за здруженија и фондации и Законот за спортот.
Со училишниот спортски клуб управуваат членовите непосредно.
Училишните спортски клубови средствата за финансирање ги стекнуваат од доброволни прилози, донации, подароци (во пари, добра, имотни права), завештанија и легати.
Училишниот спортски клуб може да добива средства од буџетите на општините, односно општините во градот Скопје.
Член 34-б
(1) Министерството, за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за натпреварот, поединечно им доделува парична награда во износ од 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред доделувањето на наградата за освоено прво место, 40% за освоено второ место и 30% за освоено трето место.
(2) Под меѓународен натпревар од ставот (1) на овој член се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави.
(3) За доделување на паричната награда од ставот (1) на овој член, Министерството објавува јавен повик еднаш во годината.
3. Годишна програма за работа на основното училиште
Член 35
(1) Годишната програма за работа на основното училиште (во натамошниот текст: годишна програма за работа) се изработува врз основа на програмата за развој на училиштето.
(2) Со годишната програма за работа се планира наставата согласно со наставниот план и другата воспитно-образовна работа во училиштето.
(3) Формата и содржината на годишната програма за работа ги утврдува министерот.
(4) Училишниот одбор ја доставува годишната програма за работа до основачот најдоцна до 31 август во тековната учебна година.
(5) Годишната програма за работа ја донесува основачот до 30 септември за секоја тековна учебна година.
(6) Ако годишната програма за работа не ја донесе основачот во рокот утврден во ставот (5) на овој член, се смета дека истата е донесена.
(7) Донесената годишна програма за работа основното училиште ја доставува до Бирото и до Државниот просветен инспекторат, во електронска форма.
Член 36
Основното училиште е должно да ги запознае учениците и родителите преку брошура со одделни делови од програмата за работа, правата и обврските на учениците и организацијата на работата во училиштето.
4. Организација на наставата во основното училиште
Член 37
(1) Наставниот план и програми во основното училиште се изработуваат според трите воспитно-образовни периоди (во натамошниот текст: периоди), и тоа: - од прво до трето одделение, - од четврто до шесто одделение и - од седмо до деветто одделение.
(2) Со прилагодените или посебните програми за основното воспитание и образование за учениците со посебни образовни потреби во посебните училишта и посебните паралелки во основните училишта, периодите можат да се одредат и поинаку од оние утврдени во ставот (1) на овој член.
Член 38
(1) Учебната година во основното училиште, по правило, започнува на 1 септември, а завршува на 31 август наредната година.
(2) Наставата во учебната година се остварува во 180 наставни дена.
(3) Настава во основното училиште не се изведува за време на државни празници и други празници утврдени со закон.
(4) По исклучок, наставата може да се организира и во неработен ден за да се остварат наставните денови од ставот (2) на овој член.
(5) Наставата може да се остварува и во скратено траење, но не помалку од 100 наставни дена, по добиена согласност од Министерството, според посебна наставна програма донесена од министерот, по предлог на Бирото.
(6) Воспитно-образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност со Министерството.
(7) Во случај на прекин на воспитно-образовната работа заради штрајк, директорот на основното училиште, по претходна согласност од градоначалникот, а за државните основни училишта од министерот, е должен да го обезбеди остварувањето на воспитно-
образовната работа со замена на вработените кои штрајкуваат, за време додека трае штрајкот.
Член 39
(1) Наставниот час трае 40 минути.
(2) Наставниот час за учениците со посебни образовни потреби може да трае пократко од наставниот час од ставот (1) на овој член, доколку тоа е утврдено со наставниот план и програмите.
(3) Наставниот час за учениците во основните музички училишта, како и во други установи, може да трае пократко од наставниот час од ставот (1) на овој член, доколку тоа е утврдено со наставниот план и програмите.
Член 40
(1) Наставата во учебната година се организира во две полугодија.
(2) Учебната година се утврдува со календар за организација и работа на основното училиште.
(3) Календарот од ставот (2) на овој член го донесува министерот.
Член 41
(1) Наставата во основното училиште се изведува по одделенија, паралелки и наставни групи со ученици од исто одделение.
(2) Одделението е воспитно-образовна целина во која се обработуваат наставните програми според наставниот план за една учебна година. Учениците од исто одделение се распоредени по паралелки.
(3) Паралелка се формира од ученици од исто одделение.
(4) Бројот на ученици во паралелката е од 24 до 34.
(5)Паралелка може да се формира и со помалку од 24 ученици по добиена согласност од основачот.
(6)Основачот може да формира паралелка од ставот (5) на овој член по претходно позитивно мислење од Министерството.
(7) Во основното училиште може да се формира и комбинирана паралелка, по правило, од ученици од прво до трето одделение, со ученици од четврто и петто одделение или со ученици од шесто до деветто одделение, по добиена согласност од основачот.
(8) Основачот може да формира комбинирана паралелка од ставот (7) на овој член по претходно позитивно мислење од Министерството.
(9) Кога не може да се организира наставата по одделенија во паралелки за учениците во здравствени установи, социјални установи, казнено-поправни или воспитно-поправни установи, основното училиште организира индивидуална или групна воспитно-образовна работа.
(10) Бројот на учениците со посебни образовни потреби во паралелка го утврдува министерот.
Член 42
(1) Воспитно-образовната работа во основното училиште опфаќа настава и други облици на организирана работа со учениците.
(2) Наставата во прво одделение ја изведува наставник по одделенска настава, педагог или наставник за предучилишно воспитание.
(3) Наставата во второ и трето одделение ја изведува наставник по одделенска настава или педагог.
(4) За изведување на наставата по англиски јазик од прво до трето одделение се вклучува наставник по англиски јазик.
(5) Наставата во четврто одделение ја изведува наставник по одделенска настава или педагог, освен за наставата по англиски јазик и за наставата по македонски јазик за учениците од припадниците на заедниците кои наставата ја остваруваат на јазик и писмо различни од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
(6) Наставата во петто одделение продолжува да ја изведува наставник по одделенска настава или педагог, освен за наставата по англиски јазик и за наставата по македонски јазик за учениците од припадниците на заедниците кои наставата ја остваруваат на јазик и писмо различни од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, а по природни науки и техничко образование се вклучуваат и предметни наставници.
(7) Бројот на часовите на одделенскиот наставник по задолжителните предмети во петто одделение не може да биде помал од 20 часа во неделата вклучувајќи го часот на одделенската заедница.
(8) Наставата од шесто до деветто одделение ја изведуваат предметни наставници.
(9) Во паралелките во кои има ученици со посебни образовни потреби може да се ангажира и дефектолог за работа со учениците со посебни образовни потреби.
(10) Во продолжениот престој за учениците од прво одделение воспитно-образовната работа ја изведуваат наставниците за одделенска настава, педагог или наставници за предучилишно воспитание, а од второ до петто одделение наставниците за одделенска настава или педагог.
5. Индивидуална и групна работа во наставата
Член 43
(1) За учениците од прво до шесто одделение во наставата се остваруваат и содржини и задачи по нивоа на сложеност.
(2) Учениците од седмо до деветто одделение кои покажуваат особени резултати по одделени наставни предмети според резултатите од стандардизираните тестови изработени од Бирото, можат да се определат за следење на настава во наставни групи формирани од ученици од исто одделение од различни паралелки, за усвојување на посложени содржини и тоа најмногу во обем од 25% од вкупните часови наменети за соодветниот предмет.
(3) Учениците од ставот (2) на овој член часовите од останатиот дел од наставата, ги следат во матичната паралелка во своето одделение.
(4) Организирањето на наставата во наставни групи од ставот (2) на овој член го утврдува министерот, по предлог на Бирото.
Член 44
(1) Учениците во наставните групи по одделен предмет од членот 43 став (2) на овој закон во групите можат да се задржат во текот на целата наставна година или да се откажат од таа настава.
(2) Учениците од ставот (1) на овој член можат да следат настава во иста наставна година само за предметите за кои се определиле.
(3) Во осмо или деветто одделение учениците можат да ги заменат предметите.
III-а. МЕЃУНАРОДНА ПРОГРАМА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ (ИБ ПРОГРАМА)
Член 44-а
(1) Во основно училиште може да се реализира и меѓународна програма за основно образование (во натамошниот текст: ИБ Програма), за што согласност дава Министерството.
(2) Наставниот план и програми за ИБ Програмата ги утврдува министерот, на предлог на Бирото.
(3) ИБ Програмата е со иста важност како и редовното основно образование.
Член 44-б
(1) Основното училиште во кое се реализира ИБ Програма може да има најмногу три паралелки во одделение.
(2) Бројот на учениците во паралелките кои следат настава според ИБ Програма е најмногу до 24.
(3) За учениците кои следат настава според ИБ Програма, основното училиште организира продолжен престој во прво, второ, трето, четврто и петто одделение.
Член 44-в
(1) Во основното училиште во кое се реализира ИБ Програма најмалку една четвртина од вкупниот број од вработените наставници во основното училиште треба да имаат познавање од англискиот јазик, најмалку на ниво А1 според Заедничката европска референтна рамка за јазици, што се докажува со стекнат сертификат.
(2) Во основното училиште во кое се реализира ИБ Програма има координатор за ИБ Програма кој треба да има познавање на англискиот јазик од најмалку ниво Б2 според Заедничката европска референтна рамка за јазици што се докажува со стекнат сертификат, најмалку десет години работа како наставник и одлично познавање на работа со компјутери.
Член 44-г
(1) Средствата за реализација на ИБ Програмата ги обезбедува Mинистерството, за што основното училиште во кое се реализира ИБ програма секоја година најдоцна до крајот на тековната наставна година, а за наредната учебна година до Министерството доставува финансиски план.
(2) Начинот на обезбедување на средствата од став 1 на овој член го утврдува министерот.
Член 44-д
Основното училиште реализира ИБ програма согласно стандардите на ИБ организацијата кои се однесуваат на организацијата и реализацијата на наставната програма.
Член 44-ѓ
(1) Во основното училиште во кое се реализира ИБ програма, се води главна книга и се води посебна педагошка документација и евиденција, во согласност со ИБ стандардите, која опфаќа: дневник на паралелката, евидентни листови за успехот на учениците, ученичка легитимација и ученичка книшка со постигнат успех на крајот од првото полугодие.
(2) Дневникот на паралелката наставникот го води задолжително и во електронска форма (е-дневник) на неделна основа, преку веб апликација која ја администрира Министерството.
(3) Формата и содржината на педагошката документација и евиденција која се води во основно училиште во кое се реализира ИБ програма од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот, на предлог на Бирото.
IV. ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Член 45
(1) Детето со поаѓањето во основното училиште стекнува статус на ученик.
(2) Ученикот ја следи наставата и учествува во другите активности утврдени со наставниот план и програми за основно образование и воспитание.
Член 46
(1) Децата во прво одделение во основното училиште се запишуваат во месец мај за следната учебна година.
(2) При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.
(3) Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон.
(4) Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување.
(5) Основачот го утврдува реонот на основните училишта од кои се запишуваат учениците.
Член 47
(1) Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
(3) Запишувањето на детето, на барање на родителот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
Член 48
(1) Запишувањето на детето во училиштето го врши комисија која ја формира директорот на училиштето. Комисијата е составена од педагог или психолог и наставник за предучилишно воспитание, односно одделенски наставник.
(2) Комисијата од ставот (1) на овој член е должна, по правило, да го извести родителот за подготвеноста на детето за тргнување во училиштето, најмалку два месеци пред почетокот на наставата.
(3) Родителот по одлуката на комисијата има право на жалба до комисија формирана од градоначалникот на општината.
Член 49
(1) Во текот на наставната година на ученикот во прво одделение, на предлог на наставникот што ја води паралелката, педагог или психолог, во согласност со родителот од здравствени или други причини, може да му се одложи следењето на наставата за една година.
(2) За одложувањето на следењето на наставата од ставот (1) на овој член одлучува комисија составена од психолог, педагог, наставник за предучилишно воспитание или одделенски наставник.
(3) Комисијата од ставот (2) на овој член ја формира директорот на основното училиште.
(4) Родителот по одлуката на комисијата има право на жалба до комисија формирана од градоначалникот на општината.
Член 50
(1) Родителот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува.
(2) Родителот може да го запише детето во друго основно училиште во истиот или друг реон ако за тоа има согласност од училиштето во кое се запишува.
(3) Списокот на децата од реонот за запишување во основното училиште се добива од надлежните служби во единицата на локалната самоуправа кои водат евиденција на постојаните и привремените жители.
(4) Списокот од ставот (3) на овој член содржи име и презиме и година на раѓање на детето.
(5) Во текот на школувањето ученикот може да премине во друго основно училиште ако има согласност од училиштето во коешто преминува.
(6) Одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член не се однесуваат на децата со посебни образовни потреби.
Член 51
(1) Родителот има право детето со посебни образовни потреби да го запише во основно училиште, освен во случаите кога посебните образовни потреби на детето се такви што тоа треба да следи настава во посебно основно училиште.
(2) За учениците од став (1) на овој член запишани во редовните основни училишта, училиштето формира инклузивен тим составен од педагогот, односно психологот во училиштето, наставникот на ученикот, родителот, односно старателот на ученикот, дефектолог доколку има во училиштето и по потреба може да се вклучи и лекарот на ученикот.
(3) Инклузивниот тим за секој ученик од ставот (2) на овој член изготвува индивидуален образовен план.
(4) Начинот и условите за запишувањето на учениците со посебни образовни потреби во основните училишта го утврдува министерот, по предлог на Бирото.
Член 52
Основното училиште е должно да го извести овластениот просветен инспектор на општината за децата кои не се запишани, односно учениците кои неоправдано не го посетуваат основното училиште повеќе од 30 дена.
V. ПРАВА И ОБВРСКИ НА УЧЕНИЦИТЕ
Член 53
Забрането е телесно и психичко малтретирање на ученикот.
Член 54
(1) Ученикот има право да ја посетува наставата и да учествува во воспитно- образовната работа што ја организира основното училиште.
(2) Ученикот има обврска редовно да ја посетува наставата и да ги исполнува планираните обврски и задачи што се предвидени со наставниот план и програми и годишната програма за работа.
(3) Ученикот има обврска на интерно и екстерно проверување на напредокот и постигањето на успехот на начин утврден во членот 71 од овој закон.
(4) Училишната комисија е должна согласно со генералниот распоред од членот 71 став (7) на овој закон да организира дополнителен термин за екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците кои поради болест или оправдани причини не биле во можност екстерно да бидат проверени.
(5) Начинот на организирање и спроведување на екстерното проверување на учениците го пропишува министерот по предлог на Државниот испитен центар.
Член 55
За учениците кои покажуваат значителни резултати од одделни области, извршувањето на обврските и начинот на остварување на програмата на основното училиште може да се прилагоди на начин кој го утврдува министерот, по предлог на Бирото.
Член 56
Ученикот од здравствени причини може да биде ослободен од учеството во одделни активности во наставата во основното училиште, врз основа на потврда издадена од соодветна здравствена установа.
Член 57
(1) За секое изостанување на ученикот од настава родителот е должен да го извести раководителот на паралелката за причините за изостанувањето.
(2) Ученикот може да отсуствува од наставата ако неговото изостанување родителот го најави однапред во училиштето, но не повеќе од пет дена во наставната година.
(3) Директорот на училиштето по писмено барање на родителите од оправдани причини може да му дозволи на ученикот подолго изостанување од наставата, но не подолго од 30 дена.
Член 58
(1) На ученикот кој наполнил 16 години му престанува обврската за редовно основно образование со истекот на учебната година.
(2) По исклучок, од ставот (1) на овој член, по барање на родителот или ученикот, а по мислење на училишниот педагог или психолог, ученикот кој наполнил 16 години може да го продолжи образованието до навршување на 17 години.
(3) Ученикот од ставот (2) на овој член го задржува статусот на ученик ако го продолжи школувањето како возрасен ученик, согласно со закон.
(4) На ученикот со посебни образовни потреби кој наполнил 20 години му престанува обврската за редовно основно образование со истекот на учебната година.
Член 59
Кон ученикот кој не ги извршува обврските и ги повредува правилата на воспитно- образовната работа се применуваат следниве педагошки мерки: укор, усна опомена, писмена опомена, намалување на поведението, преместување на ученикот во друга паралелка и преместување на ученикот во друго основно училиште.
Член 60
(1) Ако има оправдани причини што се поврзани со однесувањето на ученикот во основното училиште, училиштето може да го префрли ученикот во друго основно училиште доколку има согласност од училиштето кое треба да го прифати ученикот.
(2) За причините за префрлување на ученикот во друго основно училиште одлучува комисија формирана од директорот на училиштето, составена од одделенскиот раководител или раководител на паралелката, два наставника и психологот или педагогот во училиштето и претседателот на Советот на родителите.
(3) Комисијата од ставот (2) на овој член соработува со родителот на ученикот.
(4) Ако училиштето не може да обезбеди преминување на ученикот во друго училиште за тоа одлучува комисија формирана од градоначалникот на општината.
Член 61
(1) Ученикот има право на бесплатен превоз ако местото на живеење е оддалечено најмалку два километри од најблиското основно училиште.
(2) Учениците со посебни образовни потреби и лицата за нивна придружба имаат право на бесплатен превоз без оглед на оддалеченоста на нивното место на живеење до основното училиште.
(3) Начинот на организирањето на бесплатниот превоз на учениците, учениците со посебни образовни потреби и лицата за нивна придружба, од местото на живеење до основното училиште, го утврдува министерот.
Член 62
(1) Основното училиште во договор со родителите, а согласно Законот за јавни набавки, може за сите ученици да организира најмалку еден оброк во текот на престојот во училишто. Трошоците за оброкот ги плаќа родителот.
(2) Стандардите за исхраната и за оброците во училиштето ги утврдува Министерството, во соработка со соодветна стручна установа.
Член 63
(1) Учениците кои се истакнуваат со своето знаење или со други видови постигања основното училиште ги пофалува односно наградува.
(2) На учениците кои постигнуваат натпросечни резултати во наставните и воннаставните активности, основното училиште, на предлог на наставничкиот совет, им издава посебни дипломи и пофалници.
(3) Формата и содржината на дипломите, како и начинот на нивното издавање го пропишува министерот.
Член 64
Начинот на остварувањето на правата и обврските на учениците, наградувањето и изрекувањето на педагошките мерки за нарушување на училишните правила и куќниот ред ги пропишува министерот, по предлог на Бирото.
V-а. СОВЕТУВАЊЕ НА РОДИТЕЛИТЕ
Член 64-а
(1) Родителот, односно старателот се упатува на советување, ако: - ученикот во текот на наставната година има негативна оценка по три или повеќе предмети, - ученикот има направено повеќе од десет неоправдани или 100 оправдани изостаноци, - ученикот е недисциплиниран,
- ученикот го навреди наставникот, - ученикот учествува во тепачки или други форми на насилство, - ученикот покажува асоцијално или антисоцијално однесување, - ученикот се однесува неморално или неетички и - во краток период на ученикот значително му опадне успехот.
(2) Одделенскиот, односно раководителот на паралелката повикува на советување најмалку еден родител, односно старател од ставот (1) на овој член со покана упатена преку телефон, по пошта или со лична достава.
(3) Ако поканата се однесува за асоцијално или антисоцијално однесување на ученикот, односно неморално или неетичко однесување на ученикот, пред да се испрати поканата се бара стручно мислење од Педагошката служба.
(4) Педагошката служба, во рок од десет дена од приемот на барањето доставува стручно мислење за однесувањето на ученикот од ставот (3) на овој член.
(5) Поканата за советување на родителот, односно старателот треба да биде нумерирана и да се достави најмалку осум дена пред одржувањето на советувањето.
(6) Формата и содржината на поканата за советување ги утврдува министерот.
(7) Ако родителот, односно старателот од оправдани причини не може да се јави на поканата е должен за отсуството да го извести одделенскиот, односно раководителот на паралелката, пред одржувањето на советувањето или во рок од три дена по советувањето.
(8) Одделенскиот, односно раководителот на паралелката го известува психологот, односно педагогот во училиштето за доставената покана за советување на родителот.
(9) Психологот, односно педагогот на училиштето изготвува неделен и месечен план за одржување на советувањето согласно со основите од ставот (1) на овој член.
(10) Со учениците чии родители, односно старатели се упатени на советување заради постапувања на ученикот од ставот (1) на овој член психологот, односно педагогот реализира советување на ученикот, по завршување на советувањето на родители, односно старатели, согласно со Програмата за советување на ученици, која на предлог на Педагошката служба ја донесува министерот.
Член 64-б
(1) Советувањето од членот 64-а на овој закон го врши психологот во училиштето.
(2) Ако во училиштето нема вработено психолог, тогаш советувањето го врши педагогот.
(3) Ако во училиштето нема вработено психолог, односно педагог, тогаш за советувањето се определува педагог или психолог од друго основно училиште.
(4) Психологот или педагогот од ставот (3) на овој член за општинските основни училишта го определува општината, односно градот Скопје, а за државните основни училишта го определува министерот, од редот на педагозите, односно психолозите од општината, односно градот Скопје.
(5) Советувањето се врши во групи согласно со неделниот и месечниот план од членот 64-а став (9) на овој закон.
(6) Бројот на родителите во групите не може да биде поголем од 20.
(7) Советувањето се реализира во два термина во траење од 60 минути.
(8) На советувањето на родителот, односно старателот, педагогот, односно психологот е должен да постапува согласно со Програмата за советување на родители, која на предлог на Педагошката служба ја донесува министерот.
(9) Психологот, односно педагогот при советувањето на родителите не смее да ја злоупотребува својата функција.
Член 64-в
(1) За одржаното советување на родителот, односно старателот, психологот, односно педагогот води записник со листа на присуство.
(2) Формата и содржината на записникот за советување ги утврдува министерот.
Член 64-г
Ако родителот, односно старателот повеќе од четири пати по кој било основ од членот 64-а став (1) на овој закон, се повикува на советување, на секое следно советување присуствува и претставник од Педагошката служба.
Член 64-д
Ако родителот, односно старателот не се јави на советувањето и по третата покана се известува Центарот за социјални работи.
Член 64-ѓ
Педагошката служба, за родителите кои не се јавиле на поканата за советување и истите не го оправдале своето отсуство поднесува предлог за поведување прекршочна постапка до Државниот просветен инспекторат.
VI. ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА И НАПРЕДУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ
Член 65
(1) Постигањата на учениците во основното училиште се оценува описно и бројчано.
(2) Во првиот период, постигањето на ученикот во текот на наставната година по задолжителните и изборните предмети се оценува описно.
(3) Ученикот од ставот (2) на овој член само на крајот на учебната година добива свидетелство со описни оценки.
(4) Во вториот период, постигањето на ученикот во текот на наставната година по задолжителните и изборните предмети се оценува описно и бројчано.
(5) Ученикот од ставот (4) на овој член на крајот на прво полугодие добива известување за успехот со бројчани оценки, а на крајот на учебната година добива свидетелство со бројчани оценки и оценка за општ успех.
(6) Во третиот период, постигањето на ученикот во текот на наставната година по задолжителните и изборните предмети се оценува бројчано.
(7) Ученикот од ставот (6) на овој член на крајот на прво полугодие добива известување за успехот со бројчани оценки, а на крајот на учебната година добива свидетелство со бројчани оценки и оценка за општ успех.
(8) Општиот успех на ученикот се утврдува врз основа на годишните оценки од сите предмети според наставниот план на крајот на годината и оценките од екстерното проверување на постигањата на успехот на ученикот, а за учениците упатени на поправен испит по завршувањето на поправните испити.
(9) Бројчаните оценки се: одличен (5), многу добар (4), добар (3), доволен (2) и недоволен (1). Сите оценки се преодни освен оценката недоволен (1).
(10) Највисока оценка е одличен (5).
Член 66
Оценувањето на ученикот е според стандарди кои ги утврдува министерот, на предлог на Бирото.
Член 67
Одделенскиот наставник, односно раководител на паралелката е должен да го извести родителот за успехот на ученикот најмалку два пати во секое полугодие.
Член 68
(1) Во првиот период, знаењето на ученикот кој наставата ја следи во посебните основни училишта се оценува описно.
(2) Во вториот и третиот период, знаењето на ученикот кој наставата ја следи во посебните основни училишта може да се оценува описно и бројчано во зависност од видот на попреченоста на ученикот.
Член 69
(1) Ученикот од прво заклучно со петто одделение, по правило, не може да го повторува одделението.
(2) Ученикот кој не успеал да ги совлада наставните содржини до крајот на учебната година како последица на подолго отсуство од наставата поради болест, преселување и други оправдани причини, по предлог на родителот или по предлог на одделенскиот наставник и стручните соработници на училиштето, а во согласност со родителот може да остане во истото одделение за што одлука донесува наставничкиот совет на училиштето.
Член 70
(1) Ученикот којшто на крајот на наставната година во шесто, седмо, осмо и деветто одделение има негативна оценка до два предмета се упатува на поправен испит.
(2) За ученик од шесто, седмо, осмо и деветто одделение кој на крајот на наставната година има до две негативни оценки, основното училиште е должно да организира дополнителна настава во јуни.
(3) Ученикот од ставот (2) на овој член кој по одржаната дополнителна настава не постигнал позитивен успех, се упатува на поправен испит.
(4) Поправните испити ученикот ги полага во јуни и август.
(5) Ученикот од ставот (3) на овој член кој нема да го положи поправниот испит по еден или по два предмета се задржува во истото одделение.
(6) Ученикот којшто на крајот на наставната година во шесто, седмо, осмо и деветто одделение има повеќе од две негативни оценки се задржува во истото одделение.
Член 71
(1) Следењето и проверувањето на напредокот и постигањето на успехот на учениците се врши со интерно и екстерно проверување.
(2) Интерното проверување на постигањето на успехот на учениците го вршат наставниците во училиштето.
(3) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците од четврто до деветто одделение се реализира на крајот на секоја наставна година.
(4) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците го организира и спроведува училиштето преку училишна комисија.
(5) Училишната комисија за екстерно проверување на постигањата на учениците ја формира директорот на училиштето и истата е составена од пет члена: директор, стручен соработник и тројца наставници од училиштето.
(6) Тестирањето за екстерното проверување на постигањата на учениците го спроведуваат тестатори определени од училишната комисија.
(7) Училишната комисија е должна за секоја испитна просторија да определи најмалку по еден тестатор.
(8) Во испитна просторија за време на екстерното проверување на постигањата на учениците не смеат да влегуваат наставници кои не се тестатори или помошници на тестатори.
(9) За ученик со посебни образовни потреби вклучен во редовното образование училишната комисија задолжително определува лице - помошник на тестаторот.
(10) Тестаторот и помошникот на тестаторот не смеат да даваат било какви информации во врска со одговорите на прашањата за време на екстерното проверување на постигањата на учениците.
(11) Тестаторот и помошникот на тестаторот може да биде наставник по било кој наставен предмет, освен по предметот по кој се врши екстерното проверување на постигањата на учениците.
(12) Начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот за екстерно проверување, начинот на проверување на тестовите од училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот ги пропишува министерот по предлог на Државниот испитен центар.
(13) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците се врши со тестови кои ги изготвува Државниот испитен центар, на предлог на Бирото.
(14) Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците се врши по два наставни предмети, согласно со наставниот план, а врз основа на генерален распоред изготвен од страна на Државниот испитен центар, на предлог на Бирото, освен по наставните предмети со кои учениците се стекнуваат со вештини, односно за наставните предмети за кои не може да се врши екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците.
(15) Начинот и постапката за проверување на објективноста на наставникот при оценувањето на постигањата на успехот на учениците по наставните предмети со кои учениците се стекнуваат со вештини, односно по наставните предмети за кои не може да се врши екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците го пропишува министерот, на предлог на Бирото.
(16) Врз основа на генералниот распоред од ставот (14) на овој член, училишната комисија подготвува интерен распоред по паралелки, наставни предмети и наставници за спроведување на екстерното проверување во училиштето. Интерниот распоред го усвојува наставничкиот совет на училиштето.
(17) Резултатите од екстерното проверување на постигањето на успехот на учениците од ставот (14) на овој член училиштето ги запишува во свидетелството за завршена година на образование и истите влијаат врз општиот успех на ученикот.
(18) На ученик кој не се јавил на екстерното проверување на постигањата на успехот и истото не го оправдал со медицинска белешка, односно со потврда/доказ за учество на државен или меѓународен натпревар, му се запишува оценката недоволен (1) во свидетелството, која влијае на општиот успех на ученикот.
(19) На ученикот му се издава свидетелство за завршена година на образование по спроведеното екстерно проверување.
(20) Резултатите запишани во свидетелството од ставот (17) на овој член се еден од критериумите за запишување на учениците во средното образование.
(21) Училишната комисија доставува извештај за спроведеното екстерно проверување на постигањата на учениците до Државниот испитен центар.
(22) Врз основа на добиените извештаи од училишните комисии, Државниот испитен центар изготвува збирен извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците.
Член 72
(1) Годишните оценки одделенскиот, односно раководителот на паралелката на родителите ги соопштува на родителска средба која се одржува три дена по денот на одржувањето на наставничкиот совет на кој се утврдуваат годишните оценки на учениците.
(2) Ако ученикот или родителот не е задоволен од годишна оценка, родителот има право, во рок од три дена од денот на соопштувањето на успехот, да поднесе писмен приговор до наставничкиот совет на училиштето, кој треба да биде образложен.
(3) Наставничкиот совет по приговорот решава наредниот ден од денот на истекот на рокот од ставот (2) на овој член.
(4) Наставничкиот совет може приговорот да го уважи, да го одбие или да организира повторна проверка на знаењата на ученикот.
(5) За повторна проверка на знаењето директорот, најдоцна во рок од пет дена од денот на приемот на приговорот, формира комисија за повторна проверка на знаењето.
(6) Комисијата од ставот (5) на овој член е составена од претседател и два члена-испитувачи.
(7) Претседателот на комисијата, по правило, е одделенскиот раководител, односно раководителот на паралелката во која ученикот учи, а за членови-испитувачи се именуваат наставници по предметот по кој се врши проверувањето на знаењето од редот на наставниците од училиштето или од друго основно училиште.
(8) Претседател и член-испитувач на комисијата не може да биде наставникот кој ја утврдил оценката.
(9) Оценката на комисијата е конечна.
Член 72-а
(1) Ученикот или родителот има право да поднесе писмен приговор до училишната комисија и да направи увид на тестот од екстерното тестирање, во рок од три дена од денот на соопштувањето на резултатите.
(2) Доколку училишната комисија утврди содржински или технички недостаток на едно или повеќе прашања на кои приговара ученикот, односно родителот, го внесува приговорот во електронскиот систем за екстерно тестирање веднаш по приемот.
(3) Внесениот приговор од ставот (2) на овој член кој има содржински недостаток го разгледува Комисија за приговори која е составена од три члена од кои еден е советник од конкретна област од Бирото за развој на образованието, а двајца се номинирани/определени од Државниот испитен центар, од кој еден е задожително од редот на советниците од Државниот испитен центар.
(4) Доколку Комисијата од став (3) на овој член има потреба од превод на приговорите, Државниот испитен центар е должен да обезбеди преведувач на албански и/или турски јазик.
(5) Комисиите за приговори по области ги формира Државниот испитен центар.
(6) Внесениот приговор во електронскиот систем за екстерно тестирање кој има технички недостаток го разгледува Комисија за технички приговори која е составена од три члена од редот на вработените во Државниот испитен центар.
(7) Комисиите од ставовите (3) и (6) на овој член се должни да одлучат по приговорот во рок од три дена од денот на завршувањето на рокот за приговори.
Член 73
(1) Ученикот кој поради болест или поради оправдани и неоправдани причини не ја посетува наставата најмалку една третина од фондот на наставни часови од одредени предмети и нема елементи за оценување, полага одделенски испит според предвидените предмети со наставниот план.
(2) За оправданоста на причините од ставот (1) на овој член одлучува наставничкиот совет на училиштето.
Член 74
(1) Поправниот испит или одделенскиот испит ученикот го полага пред испитна комисија.
(2) Комисијата од ставот (1) на овој член ја формира директорот на училиштето и е составена од претседател и два члена-наставници, од кои еден член е наставник од соодветниот предмет.
Член 75
(1) Ученик кој има одличен општ успех и посебно се истакнува со способност, знаење и работни навики може побрзо да напредува.
(2) Ученик од прво до трето одделение, по предлог на одделенскиот наставник, а по мислење на стручните соработници на училиштето и согласност на родителот може забрзано да напредува и премине во наредното одделение, за што одлука донесува наставничкиот совет.
(3) Ученик од четврто до деветто одделение, по предлог на одделенскиот раководител, а по одобрување на наставничкиот совет и согласност на родителот може забрзано да напредува, за што одлука донесува наставничкиот совет.
(4) Ако ученикот побрзо напредува во првиот период преминува без полагање на испити за побрзо напредување, а ако побрзо напредува во вториот, односно третиот период полага испити за побрзо напредување.
(5) Правото од ставовите (2) и (3) на овој член, ученикот може да го користи најмногу два пати во текот на основното образование.
(6) Основното училиште има обврска да организира менторска и консултативна помош од наставниците по соодветните предмети за ученикот кој побрзо напредува.
Член 76
Начинот на оценувањето и напредувањето на учениците, организирањето и спроведувањето на поправните испити го пропишува министерот по предлог на Бирото.
VII. НАСТАВНИЦИ, СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ И ВОСПИТУВАЧИ
Член 77
(1) Воспитно-образовната работа во основното училиште ја остваруваат наставници, стручни соработници (педагог, психолог, социолог, социјален работник, дефектолог, библиотекар) и воспитувачи.
(2) Наставниците, стручните соработници и воспитувачите во основното училиште имаат соодветно високо образование.
(3) Видот на стручната подготовка на лицата кои остваруваат воспитно-образовна работа во основното училиште се уредува со норматив за наставен кадар на основното училиште, што го утврдува министерот.
Член 78
(1) Воспитно-образовната работа во училиштата за основно музичко и балетско образование ја остваруваат наставници, корепетитори, библиотекари, училишни педагози и психолози со соодветно образование.
(2) Видот на стручната подготовка на лицата кои остваруваат воспитно-образовна работа во основните музички и балетски училиште се уредува со норматив за наставен кадар за училиштата за основно музичко и балетско образование, што го утврдува министерот.
Член 79
(1) Воспитно-образовната работа во посебните училишта и посебните паралелки во основните училишта ја остваруваат наставници, дефектолози, библиотекари, воспитувачи, училишни педагози и психолози со соодветно високо образование.
(2) Видот на стручната подготовка на лицата кои остваруваат воспитно-образовна работа во посебните училишта и посебните паралелки во основните училишта се уредува со норматив за наставен кадар во посебните училишта и посебните паралелки во основните училишта, што го утврдува министерот.
Член 79-а
(1) Лице кое се стекнало со високо образование на ненаставна група на наставнички студии, односно на студии кои немаат наставна насока, може да се вработи во основно училиште, освен во одделенска настава, само доколку се стекне со педагошко-психолошка и методска подготовка на акредитирани високообразовни установи.
(2) Педагошко-психолошка и методска подготовка се стекнува преку следење на настава и полагање на испити, како и изведување на најмалку 45 дена практична настава во основно училиште.
(3) За практичната настава од ставот (2) на овој член десет дена пред започнување со практичната настава, лицето до Државниот просветен инспекторат доставува план и распоред за реализација на практична настава, заверен од високообразовната установа на кој се врши педагошко-психолошка и методска подготовка и училиштето во кое ќе се изведува практичната настава.
(4) За реализираната практична настава од ставот (2) на овој член, лицето добива мислење од менторот во училиштето во кое ќе се изведува практичната настава. Директорот на училиштето го определува менторот.
(5) Државниот просветен инспекторат врши контрола на спроведувањето и реализацијата на планот и распоредот од ставот (3) на овој член.
(6) За положеноста на испитите од ставот (2) на овој член кандидатот се стекнува со 30 кредити според ЕКТС.
(7) Акредитација на високообразовните установи кои ќе вршат настава и полагање на испити за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка врши Министерството.
(8) Начинот на следењето на наставата, полагањето на испитите за педагошко- психолошка и методска подготовка, како и начинот на акредитација на високообразовните установи од ставот (7) на овој член ја пропишува министерот.
(9) Висината на трошоците за стекнување на педагошко-психолошката и методската подготовка на акредитираните високообразовни установи ја утврдува министерот врз основа на реалните трошоци за стекнување на педагошко-психолошката и методската подготовка.
Член 79-б
Во основното училиште работните места на вработените се: - административни службеници, - даватели на јавни услуги во основното образование и - помошно-технички лица.
Член 79-в
(1) Вработените во основните училишта кои вршат работи од административна природа заради остварување на дејноста основно образование имаат статус на административни службеници.
(2) За вработените од став (1) на овој член се утврдуваат следниве нивоа на работни места: - категорија В - стручни - ниво В1 советник за нормативно правни работи (секретар) и - категорија Г - помошно - стручни - ниво Г1 самостоен референт (технички секретар кој врши благајнички и други слични работи, благајник кој врши и административни и слични работи) и - ниво Г2 виш референт (благајник, технички секретар и други).
Член 79-г
(1) Вработените во основните училишта кои вршат работи од дејноста основно образование, имаат статус на даватели на јавни услуги во основното образование и за нив се применуваат одредбите од овој закон, одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор и општите прописи за работни односи.
(2) За вработените од ставот (1) на овој член се утврдуваат следниве категории и нивоа на работни места: - категорија К - наставници - ниво К1 советник (наставник-советник, наставник-советник во училишта со ученици со посебни потреби и наставник-советник во училишта за уметничко образование кои изведуваат индивидуална и групна настава), - ниво К2 ментор (наставник-ментор, наставник-ментор во училишта со ученици со посебни потреби и наставник-ментор во училишта за уметничко образование кои изведуваат индивидуална и групна настава), - ниво К3 наставник (наставник, наставник во училишта со ученици со посебни потреби, наставник во училишта за уметничко образование кои изведуваат индивидуална и групна настава) и
- ниво К4 приправник (наставник-приправник, наставник-приправник во училишта со ученици со посебни потреби, наставник-приправник во училишта за уметничко образование кои изведуваат индивидуална и групна настава), - категорија Л - стручни соработници - ниво Л1 советник (стручен соработник-советник, стручен соработник-советник во училишта со ученици со посебни потреби), - ниво Л2 ментор (стручен соработник-ментор и стручен соработник-ментор во училишта со ученици со посебни потреби), - ниво Л3 стручен соработник (стручен соработник, стручен соработник во училишта со ученици со посебни потреби) и - ниво Л4 приправник (стручен соработник-приправник, стручен соработник-приправник во училишта со ученици со посебни потреби) и - категорија М воспитувач - ниво М1 воспитувач.
Член 79-д
(1) Вработените во основните училишта кои вршат помошно- технички работи, имаат статус на помошно-технички лица и за нив се применуваат одредбите од овој закон, Законот за вработените во јавниот сектор и општите прописи за работни односи.
(2) За вработените од ставот (1) на овој член се утврдуваат следниве подгрупи, категории и нивоа на работни места: - подгрупа 1 категорија А ниво А1 хигиеничар, ложач-ракувач на парни котли, економ-домаќин, хаус-мајстор и други, - подгрупа 2 категорија А ниво А1 чувар и други, - подгрупа 3 категорија А ниво А1 возач и други, - подгрупа 4 категорија А ниво А1 сервирка-садомијач, готвач и други и - подгрупа 5 категорија А ниво А1 општ работник, перачка, негувател и други.
Член 79-ѓ
(1) Директорот, по претходно мислење на Министерството за информатичко општество и администрација и претходна согласност од градоначалникот на општината на чија територија е основното училиште и Министерството за образование и наука донесува годишен план за вработување во општинските основни училишта за следната година, согласно со Законот за вработените во јавниот сектор.
(2) Директорот, по претходно мислење на Министерството за информатичко општество и администрација и претходна согласност од Министерството за образование и наука донесува годишен план за вработување во државните основни училишта за следната година, согласно со Законот за вработените во јавниот сектор
1. Засновање работен однос
Член 80
(1) За наставник, стручен соработник и воспитувач може да се вработи лице коешто покрај општите услови ги исполнува и следниве посебни услови: - да е државјанин на Република Македонија,
- да има соодветно образование, - да го познава македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и -да има положено стручен испит за наставник, стручен соработник, односно за вопитувач.
(2) Лицата од ставот (1) на овој член во училиштата и паралелките во кои наставата се изведува на јазик и писмо различни од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, освен наставниците за предметот македонски јазик, треба да го познаваат и јазикот и писмото на кој се изведува наставата.
(3) Директорот на основното училиште формира комисија составена од три члена од редот на воспитно-образовниот кадар кој врши проверка на познавањето на јазикот на наставниците од ставовите (1) и (2) на овој член.
(4) На јавниот оглас за засновање на работен однос за наставник, стручен соработник, односно воспитувач може да се пријави и лице без положен стручен испит и да заснова работен однос на определено работно време до крајот на учебната година.
(5) Без положен стручен испит не може да се заснова работен однос на неопределено време.
Член 81
Наставници за предметите за кои наставата се изведува на странски јазик можат да бидат и лица странски државјани кои имаат соодветен вид на образование и го познаваат јазикот на кој се изведува наставата, за што согласност дава Министерството.
Член 82
(1) Наставникот, стручниот соработник и воспитувачот се избираат по пат на јавен оглас.
(2) Лицата од ставот (1) на овој член, можат да засноваат работен однос и без јавен оглас, на определено време, најмногу до три месеца.
(3) Јавниот оглас од ставот (1) на овој член се објавува во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
(4) При изборот на стручни соработници, воспитувачи и друг ненаставен кадар се применува начелото на соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници и почитување на критериумите на стручност и компетентност.
(5) Основното училиште, пред да распише јавен оглас за вработување, потребата од работник на определено време ја обезбедува со преземање на работник со соодветно образование и со неполн фонд на наставни часови од друго јавно училиште во општината, а за градот Скопје од друго јавно училиште во општините во градот Скопје.
(6) Евиденцијата за вработениот кадар од ставот (5) на овој член ја води Министерството согласно Законот за општата управна постапка, врз основа на збирката на лични податоци на вработените во училиштата од членот 15-б точка 3 од овој закон.
Член 83
(1) Наставниците кои работат во подрачно основно училиште во населено место со помалку од десет ученици и реализираат настава со скратена програма засноваат работен однос на определено време со полн фонд на часови до реализација на скратената програма.
(2) Наставниците можат да засноваат работен однос на определено време до крајот на учебната година, доколку на јавен оглас не се пријави лице кое ги исполнува условите утврдени со закон.
(3) Наставниците можат да засноваат работен однос на неопределено време, пократко од полното работно време, доколку обемот на работата изнесува најмалку половина од работното време во работната недела на начин утврден со закон.
Член 84
Наставниците, стручните соработници и воспитувачите ги избира директорот на училиштето по претходно мислење на училишниот одбор.
2. Приправнички стаж
Член 85
(1) Наставник, стручен соработник или воспитувач кој за првпат се вработува во основно училиште е наставник - приправник, стручен соработник - приправник, односно воспитувач - приправник.
(2) Приправничкиот стаж трае една година.
(3) За време на приправничкиот стаж на приправникот му следува плата во висина од 80% од платата на наставникот, стручниот соработник, односно воспитувачот.
(4) За време на приправничкиот стаж лицата од ставот (1) на овој член се оспособуваат за самостојна воспитно-образовна, односно стручна работа преку совладување на програмата за стручен испит.
(5) Приправникот за време на приправничкиот стаж соработува со наставниците, стручните соработници, односно воспитувачите и се подготвува за стручен испит.
(6) За време на приправничкиот стаж приправникот го следи ментор.
(7) Менторот на приправникот го определува директорот на училиштето од редот на наставниците, односно стручните соработници или воспитувачи кои вршат работа за која се оспособува приправникот и имаат звање наставник - ментор или наставник - советник.
(8) Менторот на приправникот му подготвува програма која вклучува методска, дидактичка и друга подготовка потребна за оспособување на наставникот и за полагање на испит. Менторот изработува извештај за работата на приправникот.
(9) Исто лице не може да биде ментор во исто време на повеќе од двајца приправници.
(10) За вршење на работа на ментор, училиштето на менторот му исплаќа надоместок во висина од 10% од платата која ќе ја прима приправникот по завршувањето на приправничкиот стаж.
(11) Приправникот по истекот на приправничкиот стаж полага стручен испит пред комисија формирана од министерот.
(12) На приправникот по истекот на приправничкиот стаж, а пред полагањето на стручен испит му се врши процена на карактеристиките за подобност со работата со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност (во натамошниот текст: процена на карактеристиките).
(13) Трошоците за полагањето на процената на карактеристиките паѓаат на товар на приправникот. Висината на трошоците ја утврдува министерот врз основа на реалните трошоци за процената на карактеристиките.
(14) За спроведување на процената на карактеристиките Министерството ангажира лиценцирани стручни лица од независна акредитирана професионална институција.
(15) Ангажираното лиценцирано стручно лице од ставот (14) на овој член во мислењето од спроведената процена на карактеристиките ја проценува подобноста со работата со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност на приправникот и истото го доставува до Педагошката служба.
(16) На приправникот кој добил позитивна процена на карактеристиките Педагошката служба му издава потврда.
(17) Формата и содржината на потврдата од ставот (16) на овој член ги утврдува министерот на предлог на Педагошката служба.
(18) Ако наставникот не добие позитивна процена на карактеристиките, директорот на основното училиште е должен да го раскине договорот за вработување со наставникот.
(19) Наставникот од ставот (18) на овој член има право да му се изврши нова процена на карактеристиките по истекот на една година, сметано од денот на извршената процена на карактеристиките.
(20) Приправникот за полагање на стручниот испит плаќа надоместок, чија висина ја утврдува министерот врз основа на реалните трошоци за спроведување на стручниот испит.
(21) Програмата за полагање на стручниот испит на приправникот и начинот на спроведувањето на испитот ги пропишува министерот.
Член 85-а
(1) Стручниот соработник со полагањето на приправничкиот испит се здобива со основни компетенции за стручен соработник во училиште.
(2) Основните професионални компетенции за стручен соработник опфакаат професионални вредности и професионални знаења и вештини во следните подрачја: - работа со ученици, - работа со наставници, - работа со родители, - соработка со заедницата, - професионален развој и професионална соработка, - аналитичко-истражувачка работа и - училиштна структура, организација и клима.
(3) Основните професионални компетенции од подрачјата од став (2) на овој член ги утврдува министерот, на предлог на Бирото.
3. Работни должности на наставникот и стручниот соработник
Член 86
(1) Работните должности на наставникот во основното училиште опфаќа настава и други видови на организирана работа со учениците, подготовка за настава, прегледување и оценување на писмените задачи и другите работи што се потребни за остварување на воспитно- образовната програма.
(2) Наставникот во основното училиште наставата ја реализира интерактивно што подразбира активно вклучување на учениците во процесот на воспитно-образовната работа.
(3) Начинот за реализација на интерактивната настава го пропишува министерот на предлог на Бирото.
(4) Времето што се издвојува за подготовка на наставата и другата воспитно-образовна работа на наставникот опфаќа: - планирање на наставата во писмена или електронска форма и избор на наставни средства, - подготовка на дидактички помагала, - соработка со родителите, - соработка со стручните органи на училиштето, - вршење на задачи на одделенски раководител, - учество во интерно проверување во постигањата на учениците, - учество во екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците; - учество во организирано стручно и дидактичко-методско образование и надоградување, - собирање и обработка на податоци во врска со вршењето на воспитно-образовната и друга работа, - водење на педагошка документација и евиденција, - менторство на учениците, - менторство на приправниците,
- уредување на кабинети, збирки, училишни работилници, вежбални, игралишта,насади итн., - организирање на културни спортски и други општо корисни и хумани акции во кои учествуваат учениците, - водење слободни ученички активности и работа со ученици на проекти и истражување, - подготвување и водење екскурзии, излети, натпревари, настава во природа, летување,логорување што ги организира училиштето и - вршење на други работи определени со годишната програма за работа.
(5) Се забранува телесно и психичко малтретирање на наставник, стручен соработник и воспитувач.
Член 87
Работните должности на стручниот соработник во основното училиште опфаќаат стручни работи за: - запишување на учениците и следење на нивниот развој во основното училиште, - следење на навременото вакцинирање на учениците, - планирање на наставата и другата воспитно-образовна работа, - развивање на програми, постапки и инструменти за вреднување на постигањата на учениците и самовреднување на училиштето, - учество во организирано стручно и дидактичко-методско образование и надоградување, - соработка со родителите, - поддршка на работата на заедницата на учениците, - примена на прописите за остварување на правата и должностите на учениците, напредувањето и изрекувањето на педагошки мерки за кршење на училишните правила и куќниот ред на основното училиште, - поддршка на стручните активи на наставниците за изборот на учебниците и детските списанија и другата литература што се користи во училиштето, - организирање на педагошка и методска практика на студентите од наставничките факултети, - поддршка на наставниците за индивидуалната работа со учениците, - организирање и водење на работата на училишната библиотека, - професионална ориентација на учениците, - поддршка на наставниците за водење на педагошката документација и евиденција на основното училиште и - водење на педагошки картон за наставниците.
Член 88
(1) За наставниците во основното образование неделниот фонд на наставни часови изнесува за одделенскиот наставник од 20 до 23 наставни часови во кои влегува и времето за организирано прифаќање на учениците пред и по наставата.
(2) Во неделниот фонд на наставни часови од ставот (1) на овој член не влегуваат часовите за дополнителна и додатна настава.
(3) Неделниот фонд на наставни часови за предметниот наставник изнесува од 20 до 23 часа во кои не влегуваат часовите за дополнителна и додатна настава.
Член 89
Работното време на стручниот соработник во основното училиште во текот на неделата изнесува 40 часа.
Член 90
(1) Обемот на работните должности во рамките на работното време на наставниците, стручните соработници и воспитувачите во текот на 40-часовна работна недела, го утврдува министерот.
(2) Почетокот и завршетокот на работното време, користењето на дневниот и годишниот одмор на лицата од ставот (1) на овој член се утврдува со статутот на училиштето.
4. Професионално усовршување, оспособување и напредување
Член 91
(1) Директорот, наставникот и стручниот соработник во основното училиште во текот на својата работа се должни професионално да се усовршуваат.
(2) Министерот во соработка со Бирото и Државниот испитен центар донесува годишна програма за професионално усовршување и напредување на наставниците и стручните соработници.
(3) За професионалното усовршување и оспособување на секој наставник и стручен соработник се води професионално досие.
(4) Формата, содржината и начинот на водењето на професионалното досие ги пропишува министерот по предлог на Бирото.
(5) Начинот на вршење на евалуацијата на професионалното досие од ставот (3) на овој член го пропишува министерот, на предлог на Бирото.
(6) Професионалното усовршување се остварува преку акредитирани програми за обука кои ги реализираат јавни и приватни установи, здруженија на граѓани и трговски друштва чии програми се акредитирани.
(7) Акредитацијата на програмите за обука од ставот (2) на овој член го врши Бирото врз основа на јавен оглас.
(8) За да се акредитира програма за обука за професионално усовршување, јавната и приватната установа, здружението на граѓани и трговското друштво кои ја вршат обуката треба да ги исполнуваат следниве услови: - да ги исполнуваат барањата за програмата утврдени во јавниот оглас, -да имаат искуство во реализација на обуки за професионално усовршување, -да имаат обезбедено соодветно опремени простории со наставни помагала за современа реализација на обуките и
-да имаат ангажирано обучувачи за соодветната област кои имаат најмалку високо образование и искуство во изведување обука.
(9) Акредитацијата на програмата за обука за професионално усовршување има важност три години и во текот на реализацијата на програмата Бирото врши нејзина евалуација.
(10) За акредитираната програма за обука за професионално усовршување на директорот, наставникот и стручниот соработник во основното училиште Бирото води евиденција согласно Законот за општата управна постапка.
Член 92
(1) Наставниците и стручните соработници во основното училиште се усовршуваат, оспособуваат и напредуваат во звања.
(2) Наставникот и стручниот соработник кои за прв пат се вработуваат во училиште се со звање наставник - приправник и стручен соработник - приправник.
(3) Наставник - приправник може да напредува во звањата наставник, наставник-ментор и наставник - советник.
(4) Стручниот соработник - приправник може да напредува во звањата стручен соработник, стручен соработник - ментор и стручен соработник - советник.
(5) Напредување на наставниците и стручните соработници во звањата наставник, наставник - ментор, стручен соработник и стручен соработник - ментор го врши училишна комисија која ја формира директорот на училиштето.
(6) Комисијата од ставот (5) на овој член е составена од еден одделенски наставник и наставник по предметна настава, педагог, односно психолог во училиштето, еден родител, директорот на училиштето, член на училишниот одбор кој е претставник од основачот и советник од Бирото.
(7) Одделенските и предметните наставници за членови во комисијата од ставот (6) на овој член ги избира наставничкиот совет во училиштето, родителот го избира советот на родители на училиштето, а членот од училишниот одбор го избира училишниот одбор.
(8) При напредувањето на наставниците во соодветното звање од ставот (3) на овој член, училишната комисија задолжително ги зема предвид резултатите од екстерното проверување содржани во извештајот за работата на наставниците, како и од евалуацијата на професионалното досие на наставникот.
(9) При напредувањето на стручните соработници во соодветното звање од ставот (4) на овој член, училишната комисија задолжително ги зема предвид резултатите од евалуацијата на професионалното досие на стручниот соработник.
(10) Наставникот и стручниот соработник кој е незадоволен од извршениот избор за напредување во звање согласно со ставот (5) на овој член има право на приговор до
училишниот одбор во рок од осум дена од денот на објавувањето на списокот на наставници и стручни соработници кои напредуваат во звање.
(11) Напредувањето на наставниците и стручните соработници во звањата наставник - советник и стручен соработник - советник го врши комисија формирана од министерот.
(12) При напредувањето на наставниците во соодветното звање од ставот (11) на овој член, комисијата формирана од министерот задолжително ги зема предвид резултатите од екстерното проверување содржани во извештајот за работата на наставниците, како и од евалуацијата на професионалното досие на наставникот.
(13) При напредувањето на стручните соработници во соодветното звање од ставот (11) на овој член, комисијата формирана од министерот задолжително ги зема предвид резултатите од евалуацијата на професионалното досие на стручниот соработник.
(14) Основното училиште по завршувањето на секоја учебна година може да врши напредување на двајца вработени од редот на наставниците и стручните соработници во секое од звањата од ставот (5) на овој член и може да предложи двајца од вработените од редот на наставниците и стручните соработници да напредуваат во звањата од ставот (11) на овој член на предлог на наставничкиот совет, ако има до 50 вработени наставници и стручни соработници.
(15) Основното училиште по завршувањето на секоја учебна година може да врши напредување на тројца од вработените од редот на наставниците и стручните соработници во секое од звањата од ставот (5) на овој член и може да предложи тројца од вработените од редот на наставниците и стручните соработници да напредуваат во звањата од ставот (11) на овој член на предлог на наставничкиот совет, ако има над 51 вработен наставник и стручен соработник.
(16) Наставник и стручен соработник може да напредува во следното звање по четири години во постапка утврдена со овој закон.
(17) Наставникот и стручниот соработник кој е незадоволен од извршениот избор за напредување во звање согласно со ставот (11) на овој член има право на приговор до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на списокот на наставници и стручни соработници кои напредуваат во звање. Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен одлучува по поднесената жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на жалбата.
(18) Платата на наставникот и на стручниот соработник е според стекнатото звање.
(19) Начинот на стручното усовршување, оспособување и напредување на наставниците и стручните соработници во звања ги пропишува министерот по предлог на Бирото, Државниот испитен центар и Државниот просветен инспекторат.
Член 93
(1) Вработените во основното училиште согласно прописите од областа на здравствената заштита мораат да бидат систематски прегледани.
(2) На лице кое боледува од душевна болест, алкохолизам и наркоманија му престанува работниот однос во основното училиште.
(3) Утврдувањето на психофизичките способности на вработените во основното училиште, односно заболеноста од одредени душевни болести, алкохолизам и наркоманија се врши согласно со прописите од областа на здравствената заштита.
Член 94
(1) На наставник, стручен соработник и воспитувач за чија работа престанала потребата поради деловни причини, не може да му престане работниот однос, додека не му се обезбеди едно од правата согласно со закон и колективен договор.
(2) Начинот и критериумите за престанок на работниот однос поради деловни причини се утврдуваат со колективен договор.
Член 95
(1) При промени во обемот на работа во основното училиште што се јавуваат поради промена во наставниот план и програмите, организацијата на работа, бројот на паралелки и други промени, работниот однос на наставникот во основното училиште се променува од работен однос на неопределено време со полно работно време во работен однос на неопределено време со пократко од полното работно време и обратно.
(2) Директорот е должен во случаите од ставот (1) на овој член на наставникот да му издаде ново решение за работното време.
5. Оценување на наставници
Член 96
(1) За наставниците, стручните соработници или воспитувачите, кои во остварувањето на воспитно-образовниот процес не покажуваат задоволителни резултати, Бирото, Советот на родители или Државниот просветен инспекторат покренуваат иницијатива до училишниот одбор за преиспитување на нивната способност за реализација на работните обврски преку вршење на процена на карактеристики на вработениот за подобност со работа со деца и адолесценти во воспитно-образовната дејност (тест на личноста).
(2) Бирото, Советот на родители или Државниот просветен инспекторат покренуваат иницијатива до училишниот одбор за престанок на работниот однос и за наставници во основните училишта кои вршат подготовки и други активности на учениците од училиштето кои следат настава по завршување на работното време, а не се утврдени со годишната програма за работа.
(3) Иницијативата од ставовите (1) и (2) на овој член мора да содржи образложение за причините поради кои се покренува.
(4) Ако иницијативата од ставовите (1) и (2) на овој член е покрената од Советот на родители, Училишниот одбор пред да расправа по иницијативата, задолжително бара мислење од Државниот просветен инспекторат.
(5) Ако училишниот одбор ја прифати иницијативата од ставовите (1) и (2) на овој член до директорот поднесува предлог за престанок на работниот однос на наставник, стручен соработник или воспитувач, во рок од седум дена.
(6) Директорот е должен да постапи по предлогот од ставот (4) на овој член во рок од седум дена од денот на добивањето на предлогот и да донесе акт за престанок на работниот однос на наставникот и стручниот соработник.
(7) Против актот на директорот од ставот (6) на овој член наставникот и стручниот соработник може да поднесе тужба до надлежен суд.
Член 97
(1) Врз основа на резултатите од екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците се оценува објективноста и професионалноста на наставникот во вреднувањето на постигнувањата на успехот на ученикот.
(2) Оценувањето од ставот (1) на овој член се врши со споредување на резултатите на екстерното проверување на постигањата на ученикот со годишната оценка на ученикот по соодветниот предмет за што Државниот испитен центар изготвува збирен извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците (во натамошниот текст: извештајот).
(3) Извештајот од ставот (2) на овој член се изготвува врз основа на средната вредност изразена во проценти од резултатите на екстерното проверување на постигањата на учениците со годишните оценки на ученикот за кои нема отстапување и за кои отстапувањето е поголемо од една оценка.
(4) По исклучок, извештајот од ставот (2) на овој член, се проширува со наставниците кои имаат отстапување од добиените показатели како последниот наставник од листата.
(5) Државниот испитен центар го доставува извештајот до секое основно училиште во втората недела на месец септември во тековната година. По исклучок, доколку во периодот кога се доставува извештајот од овој став се одржуваат избори за претседател на Република Македонија, за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, односно за членови на советите на општините и Советот на градот Скопје и за избор на градоначалник на општина и градоначалник на град Скопје, извештајот се доставува првиот нареден ден по завршувањето на изборите.
(6) Процентот на најголеми отстапувања од добиените показатели е 100%, кога има отстапување од четири оценки од оценката добиена од проверувањето и годишната оценка од наставникот.
(7) Процентот на најмали отстапувања од добиените показатели е 0%, кога нема отстапување од оценката добиена од проверувањето и годишната оценка од наставникот.
(8) Врз основа на објавениот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците, на првите 50% од наставниците од 20% кај кои има најмали отстапувања во добиените показатели им се зголемува платата за наредната година во траење од девет месеци за 10% од основицата на платата што ја примале во август.
(9) Ако наставникот од ставот (8) на овој член три години едноподруго е на извештајот во првите 50% од наставниците од 20% кај кои има најмали отстапувања во добиените показатели, платата од ставот (8) на овој член му се исплаќа до престанокот на работниот однос.
(10) Врз основа на доставениот извештај, на 20% од наставниците кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели им се обезбедува соодветна стручна советодавна помош, која ја обезбедува Бирото.
(11) На наставник кој и по две години од добивањето на стручната помош, повторно ќе биде во групата на наставници кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели, му престанува работниот однос.
(12) Решение за престанок на работниот однос на наставникот донесува директорот на основното училиште.
(13) Против решението на директорот од ставот (12) на овој член наставникот може да поднесе тужба до надлежен суд.
(14) Решение за зголемување на платата на наставникот согласно со ставовите (8) и (9) на овој член, донесува директорот на училиштето. Исплатата на платата со зголемување започнува од 1 јануари наредната година по доставувањето на извештајот.
(15) Решението од ставот (14) на овој член се доставува до министерството најдоцна 15 дена од денот на доставувањето на извештајот, а ќе започне да се применува од 1 јануари наредната година.
(16) Начинот на изготвување на збирниот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците, како и начинот на утврдувањето на процентот на најголеми, односно најмали отстапувања од добиените показатели ги пропишува министерот, на предлог на Државниот испитен центар.
Член 97-а
(1) На наставник кој има засновано работен однос на неопределено време во основно училиште му мирува работниот однос во основното училиште доколку се запише на втор, односно на трет циклус на студии на високообразовна установа од областа на образованието на наставници, која е рангирана помеѓу првите 200 високообразовни установи на листата која ја изготвува Центарот за светска класа универзитети при Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет од Народна Република Кина, или на универзитет кој е на ранг листата на универзитети од областа на образованието, која ја изготвува Quacquarelli Symonds (QS) од Велика Британија.
(2) Наставникот од став (1) на овој член има обврска, во рок од 15 дена од денот на завршувањето на образованието на високообразовната установа од став (1) на овој член, да се врати на работа во основното училишта во кое имал засновано работен однос, за вршење работи кои одговараат на неговиот вид и степен на стручна подготовка и да работи во училиштето за временски период за колку му мирувал работниот однос, без право да бара престанок на работниот однос.
VIII. ПЕДАГОШКА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ЕВИДЕНЦИЈА
Член 98
Основното училиште собира, обработува, чува, посредува и употребува податоци што се содржат во педагошката документација и евиденција во согласност со овој закон и Законот за заштита на личните податоци.
Член 99
(1) Педагошката документација во смисла на овој закон опфаќа: главна книга на учениците, евидентни листови за успехот на учениците, ученичка легитимација, свидетелство и преведница.
(2) Главната книга на учениците е документ од трајна вредност.
Член 100
(1) Педагошката документација од членот 99 став (1) на овој закон се води и издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо.
(2) За учениците од припадниците на заедниците кои наставата ја остваруваат на јазик и писмо различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, педагошката документација од ставот (1) на овој член се води и издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото на којшто се изведува наставата.
(3) Дневникот на паралелката се води на јазикот и писмото на кој се изведува наставата.
(4) Дневникот на паралелката наставникот го води задолжително и во електронска форма (е-дневник) на неделна основа, преку веб апликација која ја администрира Министерството.
Член 101
(1) Свидетелството, ученичката легитимација и преведницата се јавни исправи.
(2) Јавните исправи се издаваат во еден примерок. Во случај издадениот документ од став (1) на овој член да се изгуби или уништи, основното училиште издава нов примерок- дупликат.
Член 102
Ученикот кој изгубил свидетелство може да бара издавање на документот во вонпроцесна постапка пред надлежниот суд на чие подрачје е седиштето или било седиштето на основното училиште ако основното училиште кое ја чува документацијата не може да издаде нов примерок.
Член 103
Формата и содржината на педагошката документација и евиденција, како и начинот на водењето ги пропишува министерот.
IX.УЧЕБНИЦИ
Член 104
(1) Во основното училиште за остварување на основното воспитание и образование се употребуваат учебници .
(2) Учебниците се издаваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо.
(3) За учениците од припадниците на заедниците кои наставата ја следат на јазик и писмо различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, учебниците се издаваат на јазикот и писмото на којшто се остварува наставата.
(4) Учениците можат да користат и други извори за учење (интернет, списанија, енциклопедии, речници и слично).
Член 105
(1) Учебникот се изработува според наставниот план и програми за соодветното одделение и предмет и Концепцијата за учебник, што на предлог на Бирото ја утврдува министерот.
(2) Со Концепцијата за учебник се определуваат научно-стручните и методолошките основи на учебникот, развојните воспитно-образовни функции, основите за мотивација и самостојно учење, дидактичко-методските стандарди за изборот и систематизирањето на содржините, дополнителните текстови, визуелните прилози, како и соодветноста на јазикот според возраста на учениците и градењето на јазична култура.
Член 106
Вон сила
Член 107
Вон сила
Член 108
Вон сила
Член 109
Вон сила
Член 110
Вон сила
Член 111
Вон сила
Член 112
Вон сила
Член 113
Вон сила
Член 114
Вон сила
Член 115
Вон сила
Член 116
(1) Министерството може да партиципира во издавањето на малотиражните учебници.
(2) Малотиражни учебници се оние кои имаат тираж најмногу до 500 примероци.
Член 117
Вон сила
Член 118
Вон сила.
Член 119
Вон сила.
Член 120
Вон сила.
Член 121
Вон сила.
Член 122
Вон сила.
Член 123
Вон сила.
X. ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ, РАКОВОДЕЊЕ И СТРУЧНИ ОРГАНИ НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ
1. Орган на управување на основно училиште
Член 124
(1) Орган на управување на основното училиште е училишниот одбор.
(2) Училишниот одбор на основното училиште е составен од девет члена, и тоа: тројца претставници од наставниците, стручните соработници и воспитувачите од училиштето, тројца претставници од родителите на учениците, двајца претставници од основачот и еден претставник од Министерството.
(3) Мандатот на членовите на училишниот одбор е три години, а мандатот на претставниците на родителите е за период до завршување на основното образование на нивното дете, но не подолго од три години.
(4) Училишниот одбор од редот на своите членови избира претседател со мнозинство гласови од вкупниот број членови, по пат на тајно гласање.
(5) Одлуките на училишниот одбор се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови.
Член 125
(1) Наставниците, стручните соработници и воспитувачите во основното училиште своите претставници во училишниот одбор ги избираат непосредно и тајно.
(2) Претставниците од наставниците, стручните соработници и воспитувачите во училишниот одбор ги избира наставнижкиот совет.
(3) Претставниците на родителите ги избира Советот на родителите непосредно и тајно.
(4) Постапката за избор на претставниците на вработените на основното училиште и родителите во училишниот одбор на училиштето се утврдува со статутот на училиштето.
Член 126
(1) Училишниот одбор на основното училиште: - донесува статут на основното училиште, - предлага годишна програма за работа и извештај за работа на основното училиште до советот на општината, - донесува програма за развој на училиштето, - донесува програма за воведување на повисоки стандарди и други програми, - предлага финансиски план до основачот, - предлага завршна сметка до основачот, - објавува јавен оглас за избор на директор во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија од кои еден од весниците кој се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик,
- врши интервју со кандидатите за директор, - предлага на градоначалникот на општината еден, односно двајца кандидати од пријавените кандидати на објавениот јавен оглас за избор на директор, - дава мислење до директорот за избор на наставниците, стручните соработници и воспитувачите, - поднесува предлог до директорот за престанок на работниот однос на лицата од членот 96 став (1) на овој закон, - одлучува по приговорите и жалбите на вработените во основното училиште, - одлучува по жалбите на ученици, родители, односно старатели на ученици и - врши и други работи утврдени со статутот на основното училиште.
(2) Училишниот одбор на основното училиште за поднесените жалби мора да одлучи во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на жалбата.
Член 127
(1) Ако Државниот просветен инспекторат оцени дека во училиштето битно е нарушен воспитно-образовниот процес, врши вонредна интегрална евалуација и го задолжува училиштето причините за нарушувањето да ги отстрани во рок од една година од денот на добивањето на извештајот за извршената интегрална евалуација.
(2) Ако причините за нарушувањето на воспитно-образовниот процес училиштето не ги отстрани во рок од една година од денот на добивањето на извештајот од ставот (1) на овој член, во училиштето се врши екстерно проверување и оценување на напредокот и постигнувањата на учениците.
(3) Ако по извршеното екстерно проверување и оценување од ставот (2) на овој член се утврди дека знаењето на учениците е под образовните стандарди, Државниот просветен инспекторат на основачот на основното училиште му предлага разрешување на сите членови на училишниот одбор и на директорот на училиштето.
(4) Основачот во случаите утврдени во ставот (3) на овој член е должен да постапи во рок од 15 дена од денот на добивањето на предлогот и веднаш да ја започне постапката за именување нов училишен одбор и вршител на должноста директор на училиштето.
(5) Доколку основачот не постапи согласно со ставот (4) на овој член, Министерството по право на надзор, а за обезбедување вршење на дејноста ги разрешува членовите на училишниот одбор и веднаш именува нов училишен одбор и вршител на должноста директор со мандат најмногу до една година.
(6) Барање за вонредна интегрална евалуација и екстерно проверување и оценување на напредокот и постигањата на учениците до Државниот просветен инспекторат можат да поднесат до советот на општината, градоначалникот или советот на родителите.
(7) Трошоците за екстерното проверување и оценување на напредокот и постигнувањата на учениците се на товар на барателот.
2. Орган на раководење на основно училиште
Член 128
(1) Орган на раководење во основното училиште е директорот.
(2) Директорот е одговорен за законитоста во работата и за материјално-финансиското работење на училиштето.
(3) За директор на основно училиште може да се избира лице кое има најмалку високо образование и кое ги исполнува условите за наставник или стручен соработник во основно училиште и ако има најмалку пет години работно искуство во воспитно-образовната работа, положен испит за директор, во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, да има соодветен сертификат, не постар од пет години, за познавање на англискиот јазик ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) - најмалку 30 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 3 бода, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 20 бода или КЕТ (КЕТ) (Cambridge English) - положен, и да има положено психолошки тест и тест за интегритет.
(4) По исклучок, доколку нема пријавено кандидат со положен испит за директор, за директор може да биде избрано и лице кое не положило испит за директор, но е должно истиот да го положи во рок од една година од денот на изборот за директор.
(5) Ако избраниот директор не го положи испитот за директор во рокот утврден во ставот (4) на овој член, му престанува мандатот на директор.
(6) Мандатот на директорот трае четири години, со можност за уште еден последователен мандат во истото училиште.
(7) На наставник или стручен соработник кој е избран за директор на основно училишта му мирува работниот однос за време на вршење на функцијата директор на основно училишта и има право во рок од 15 дена по престанувањето на функцијата што ја вршел,
да се врати на работа во училиштето, односно установата каде работел пред да биде избран за директор за вршење на работи кои одговараат на неговиот вид и степен на стручна подготовка.
(8) Ако наставникот или стручниот соработник од став (7) на овој член не може да се врати во училиштето каде работел пред да биде избран за директор, наставникот или стручниот соработник се распоредува и заснова работен однос на неопределено работно време на соодветно работно место за вршење работи кои одговараат на неговиот вид и стручна подготовка, во друго училиште на подрачјето на општината, односно општините во Градот Скопје.
Член 129
(1) Оспособување на кандидати за директори на основните училишта и полагањето на испитот по успешно завршената обука го врши Државниот испитен центар, согласно со закон.
(2) Програмата за подготвување и полагање испит за директори и начинот на спроведувањето на испитот ги пропишува министерот на предлог на Државниот испитен центар.
(3) На кандидатот кој го положил испитот за директор му се издава уверение.
(4) Формата и содржината на уверението за положен испит за директор на основно училиште ги пропишува министерот.
Член 130
Директорот ги врши следниве работи: - го застапува и претставува училиштето и е одговорен за законито работење, - ја организира, планира и ја води работата на основното училиште, - подготвува програма за развој на училиштето, - подготвува предлог на годишна програма за работа, - е одговорен за реализација на годишната програма за работа, - е одговорен за остварување на правата и обврските на учениците, - врши избор на наставници, стручни соработници и воспитувачи и друг административно-технички кадар согласно со закон и актите на училиштето, - врши распоредување на наставници, стручни соработници и воспитувачи и друг административно-технички кадар, - одлучува за престанок на работен однос на наставници, стручни соработници и воспитувачи и друг административно-технички кадар согласно со закон и колективен договор, - формира и раководи со училишната комисија за екстерно проверување на постигањата на учениците - врши контрола врз начинот на водењето на професионалните досиеја од членот 91 став (3) на овој закон. - поттикнува стручно оспособување и усовршување на наставниците, стручните соработници и воспитувачи, - организира менторство за наставниците-приправници, стручните соработници-приправници, воспитувачи-приправници, присуствува на часови во наставата согласно со
планот за посета на часови од годишната програма за работа на училиштето, за што составува препораки и забелешки од остварената посета кои се приложуваат кон професионалното досие на наставникот и ја следи работата на наставниците, стручните соработници и воспитувачи и ги советува, - ја следи работата на училишниот педагог, психолог и другите стручни работници, - се грижи за соработката со родителите, - ги известува родителите за работата на училиштето и за измени на правата и обврските на учениците, - одлучува за воспитните мерки, - ја поттикнува и следи работата на заедницата на учениците, - обезбедува извршување на одлуките на училишниот одбор, - ја донесува систематизацијата на работните места на училиштето, - одлучува за склучување договори за работните односи, - покренува постапка за дисциплинската одговорност на наставниците, стручните соработници и воспитувачи, - се грижи за соработката на училиштето со здравствената установа во општината и - врши други работи согласно со закон и статутот на училиштето.
Член 131
(1) Во основното училиште може да се именува помошник на директорот за вршење на раководни и педагошки работи.
(2) За помошник на директорот може да се именува лице кое ги исполнува условите за наставник, односно стручен работник на основното училиште и има три години работно искуство во областа на образованието и е од редот на вработените во училиштето.
(3) Помошникот на директорот го именува и разрешува директорот по предлог на училишниот одбор.
(4) Помошникот на директорот ги врши работите за кои писмено го овластил директорот и го заменува во негова отсутност.
(5) Ако во училиштето нема помошник на директорот, директорот за извршување на одделни задачи од својата надлежност и за замена во времето на отсутност, може да овласти наставник или стручен соработник од основното училиште кој ќе го заменува.
Член 132
(1) Директорот на општинско основно училиште го избира и разрешува градоначалникот по предлог на училишниот одбор на основното училиште.
(2) Директорот на државно основно училиште го избира и разрешува министерот по предлог на училишниот одбор на основното училиште.
(3) Градоначалникот, односно министерот три месеца пред истекот на мандатот на постојниот директор донесува одлука училишниот одбор на училиштето да објави јавен оглас за избор на директор.
(4) Ако градоначалникот, односно министерот не постапи во рокот утврден во ставот (3) од овој член, училишниот одбор објавува јавен оглас за избор на директор.
(5) Во јавниот оглас на јавните гласила се утврдуваат условите кои треба да ги исполнува кандидатот за директор, потребната документација, времето на траење на јавниот оглас и рокот во кој ќе се изврши изборот.
(6) Пријавените кандидати ги доставуваат потребните документи до училишниот одбор на училиштето. Кандидатите кон пријавата мораат да приложат програма за работа за период од четири години.
(7) Пристигнатите документи ги прегледува комисија составен од три члена, избрана од училишниот одбор чија надлежност се утврдува со статутот на училиштето.
(8) Комисијата од ставот (7) на овој член е должна во рок од пет дена по завршувањето на јавниот оглас да ги разгледа пристигнатите документи.
(9) На кандидатите кои не ги исполнуваат условите предвидени во јавниот оглас им се враќаат документите со образложение во рок од три дена од денот на разгледувањето на истите.
(10) Училишниот одбор може да побара дополнителни документи од кандидатите кои ги исполнуваат условите согласно со одредбите во статутот на училиштето.
(11) Училишниот одбор и претставникот од Бирото вршат интервју со кандидатите кои ги исполнуваат условите.
(12) Училишниот одбор на општинското основно училиште, во рок од седум дена од извршениот разговор со кандидатите, на градоначалникот на општината му предлага два кандидата за избор на директор, доколку на јавниот оглас се пријавиле повеќе кандидати.
(13) Училишниот одбор на државното основно училиште, во рок од седум дена од извршениот разговор со кандидатите, на министерот му предлага два кандидата за избор на директор, доколку на јавниот оглас се пријавиле повеќе кандидати.
(14) Градоначалникот, односно министерот во рок од десет дена од денот на добивањето на предлогот избира еден кандидат за директор за основно училиште.
(15) Ако градоначалникот во рокот утврден во ставот (14) од овој член не избере директор, изборот го врши министерот.
(16) Кандидатите кои не се избрани во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, имаат право на жалба во однос на спроведувањето на постапката за избор на директор до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
(17) Против одлуката на комисијата од ставот (16) на овој член кандидатот може да поведе управен спор пред надлежниот суд.
Член 133
(1) На директорот на основното училиште му престанува мандатот, ако: - тоа сам го побара, - трајно ја загуби способноста за вршење на должноста директор и - ги исполни условите за старосна пензија.
(2) Директорот на основното училиште се разрешува пред истекот на мандатот, ако: - направи повреда на одредбите на законите или други прописи и акти, утврдени од Државниот просветен инспекторат, - не ја остварува програмата за работа и не се реализираат плановите и програмите за воспитно-образовната работа, - по негова вина е нанесена штета на учениците, на нивните родители или на училиштето, - дозволи организирање на дејности и активности што се во спротивност со наставниот план и програмите, - три години во текот на неговиот мандат најмалку 10% од наставниците и стручните соработници вработени во училиштето се најдат во групата на наставници и стручни соработници кои покажуваат најслаби резултати од екстерното проверување содржани во годишниот извештај за работа на наставниците и стручните соработници и - дозволи исплаќање на средства кои не се утврдени во годишниот финансиски план на училиштето.
(3) Директорот на основното училиште се разрешува во рок од 15 дена од страна на градоначалникот, пред истекот на мандатот, ако не постапи согласно член 97 ставовите (11) и (12) од овој закон.
(4) Директорот се разрешува од страна на министерот во рок од 15 дена по истекот на рокот од став (3) на овој член, доколку градоначалникот не постапи согласно став (3) на овој член.
Член 134
(1) Ако постојат одредени сознанија за постапување на директорот согласно со одредбите од членот 133 став (2) на овој закон, училишниот одбор свикува седница на која се донесува заклучок во писмена форма кој се доставува до директорот.
(2) Директорот има право во рок од седум дена од денот на приемот на заклучокот од ставот (1) на овој член, писмено да се изјасни за наводите во заклучокот.
(3) Ако училишниот одбор не го прифати изјаснувањето на директорот, свикува седница во рок од три дена и во присуство на претставник од Државниот просветен инспекторат врши интервјуирање на директорот. Претставникот од Државниот просветен инспекторат дава мислење за оправданоста на разрешувањето на директорот.
(4) Ако училишниот одбор оцени дека е неопходно, во рок од седум дена доставува предлог за разрешување на директорот на општинското основно училиште до градоначалникот, односно на директорот на државното основно училиште до министерот.
(5) Градоначалникот, односно министерот е должен во рок од седум дена од денот на добивањето на предлогот од училишниот одбор да го разреши директорот.
(6) Разрешениот директор во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката на градоначалникот, односно министерот има право на жалба во однос на спроведување на постапката за разрешување до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
(7) Против одлуката на Комисијата од ставот (6) на овој член кандидатот може да поведе управен спор пред надлежниот суд.
Член 135
(1) Градоначалникот, односно министерот во рок од три дена од денот на разрешувањето на директорот, именува вршител на должноста на директор од редот на вработените во училиштето кој ги исполнува условите за директор.
(2) Градоначалникот, односно министерот во рок од пет дена од денот на именување на вршител на должноста на директор донесува одлука училишниот одбор да објави јавен оглас за избор на директор.
(3) Вршител на должноста директор се именува и во случаи на предвремен престанок на мандатот на директорот.
(4) Вршителот на должноста директор ги врши работите до именување на нов директор, но не подолго од шест месеца од денот на неговото именување.
(5) Исто лице едноподруго не може да биде именувано за вршител на должноста директор на основно училиште.
Член 136
(1) Државниот просветен инспекторат, по утврдувањето на потешките повреди во работењето согласно со членот 133 став (2) од овој закон, до директорот на основното училиште доставува извештај со предлог на мерки, по кои директорот треба да постапи во рок од 30 дена од денот на добивањето на извештајот.
(2) Ако директорот на училиштето не постапи во рокот утврден во ставот (1) на овој член, Државниот просветен инспектор доставува до училишниот одбор решение за извршување на предлогот на мерките. Рокот за извршување на решението е 30 дена од денот на неговото добивање.
(3) Ако училишниот одбор не постапи по решението за извршување на предлогот на мерките, Државниот просветен инспекторат го доставува решението до градоначалникот и основачот на основното училиште, а за државното основно училиште до министерот и основачот на основното училиште.
(4) Градоначалникот, односно министерот во рок од 30 дена од денот на добивањето на решението за извршување на предлогот на мерките е должен да го разреши директорот на училиштето, а основачот училишниот одбор.
(5) Ако градоначалникот не го разреши директорот, а основачот училишниот одбор во рокот од ставот (4) на овој член, Министерството по право на надзор ги разрешува директорот и членовите на училишниот одбор на основното училиште.
(6) Министерството веднаш, по право на надзор именува вршител на должноста директор од редот на вработените во училиштето, кој ги врши работите најдолго шест месеца и именува членови на училишниот одбор со мандат од најмногу една година.
Член 137
Избришан
Член 138
Подрачното основно училиште го води раководител на подрачно училиште што го именува и разрешува директорот од редот на наставниците на подрачното основно училиште.
3. Стручни органи на основното училиште
Член 139
Стручни органи на основното училиште се наставничкиот совет на основното училиште, советот на одделенските наставници, советот на предметните наставници, одделенскиот раководител, раководителот на паралелката и стручните активи на наставниците.
Член 140
(1) Наставничкиот совет на основното училиште го сочинуваат одделенските и предметните наставници и стручните соработници на училиштето. Наставничкиот совет го свикува и со него претседава директорот.
(2) Наставничкиот совет на основното училиште: -дава мислења по предлогот на прогамата за развој и на годишната програма за работа и го следи нејзиното извршување, - го разгледува и утврдува успехот на учениците и работата на други стручни органи, - им одобрува на учениците побрзо напредување во основното училиште, - го разгледува остварувањето на наставниот план и програмите и презема мерки за нивно извршување, - донесува одлуки по приговори на учениците за утврдени оценки, - го разгледува извештајот од реализација на годишната програма за работа, од самоевалуација, од извршената интегрална евалуација и предлага соодветни мерки, - расправа и одлучува за стручни прашања поврзани со воспитно-образовната работа, - дава мислење за годишниот финансиски план на училиштето,
- избира претставници во училишниот одбор, - дава мислење за планирањето, реализацијата и вреднувањето на постигањата во наставата и учењето, - го усвојува интерниот распоред за екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците, - го разгледува годишниот извештај за работа на наставниците и стручните соработници и Националниот извештај за работа на наставниците и стручните соработници и предлага соодветни мерки, - дава предлози за напредување на наставниците и стручните соработници на училиштето, - одлучува за воспитни мерки и - врши и други работи утврдени во статутот на училиштето.
Член 141
(1) Советот на одделенските наставници го сочинуваат одделенските наставници, предметните наставници кои се вклучуваат во реализацијата на наставата од прво до петто одделение и стручните соработници на училиштето.
(2) Советот на одделенските наставници ги разгледува годишната програма за работа и планирањето на наставата, воспитно-образовните проблеми по одделенија, подготвува програма за работа со талентираните ученици, односно за учениците кои потешко напредуваат, предлага и одлучува за воспитните мерки и врши други работи утврдени во статутот на училиштето.
Член 142
(1) Советот на предметните наставници го сочинуваат предметните наставници што ја изведуваат наставата од шесто до деветто одделение и стручните соработници на училиштето.
(2) Советот на предметните наставници ги разгледува годишната програма за работа и планирањето на наставата, воспитно-образовните проблеми по одделенија, подготвува програма за работа со талентираните ученици, односно со оние кои потешко напредуваат, одлучува за воспитните мерки и врши други работи утврдени во статутот на училиштето.
Член 143
Одделенскиот, односно раководителот на паралелката ја остварува програмата за часот на одделенската заедница, ги анализира воспитните и наставните резултати на одделението, се грижи за решавање на воспитните и наставните проблеми на одделни ученици, соработува со родителите и стручните соработници на училиштето, предлага и одлучува за воспитните мерки и врши други работи утврдени во статутот на училиштето.
Член 144
(1) Стручните активи на наставниците ги сочинуваат наставници кои предаваат ист предмет или подрачје.
(2) Стручните активи на училиштето ги усогласуваат критериумите за планирање на наставата и за оценување на постигањата на учениците, даваат предлози на наставничките совети на училиштето за подобрување на воспитно-образовната работа, одлучуваат за употреба на учебниците во основното училиште, расправаат за забелешките на родителите, учениците и вршат други стручни работи определени со годишната програма за работа на училиштето.
4. Совет на родители
Член 145
(1) За организирано остварување на интересите на учениците во основното училиште од родителите на учениците се формира совет на родители на училиштето.
(2) Во советот на родители има по еден претставник од секоја паралелка којшто го избираат родителите на родителскиот состанок на паралелката.
(3) Првото свикување на советот на родители го врши директорот на училиштето.
(4) Советот на родители: - дава мислење за предлогот на програмата за развој на основното училиште и за годишната програма за работа, - расправа за извештајот за работата на училиштето, - предлага програми за подобрување на стандардите за наставата, - дава согласност на предлозите на директорот за воведување повисоки стандарди, - разгледува жалби на родителите во врска со воспитно-образовната работа, - избира претставници во училишниот одбор на основното училиште и - врши други работи утврдени со статутот на училиштето.
XI. ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ НА НАСТАВАТА
Член 146
За обезбедување квалитет на наставата, училишниот одбор на секои четири години донесува програма за развој на училиштето во која се земени предвид резултатите од самоевалуацијата спроведена од страна на училишната комисија, советодавната и стручната помош од Бирото, препораките од извештајот од интегралната евалуација спроведена од страна на Државниот просветен инспекторат, како и резултатите од екстерната евалуација содржани во годишниот извештај за работа на наставниците и стручните соботници од страна на Државниот испитен центар.
Член 147
(1) На секои две години за реализација на програмите од членот 146 на овој закон училиштето врши самоевалуација.
(2) Самоевалуацијата од ставот (1) на овој член се спроведува на крајот на секоја втора наставна година.
(3) Самоевалуацијата ја спроведува училишна комисија составена од пет члена од редот на наставниците, стручните соработници, воспитувачите и родителите која по предлог на директорот ја формира училишниот одбор.
(4) Самоевалуацијата ги опфаќа особено следниве области: - организација и реализација на наставата и учењето, - постигањата на учениците, -професионален развој на наставниците, стручните соработници и воспитувачи и на раководниот кадар, - управување и раководење, - комуникации и односи со јавноста, - училишната клима и култура и - соработката со родителите и со локалната средина.
(5) Комисијата од ставот (3) на овој член изготвува извештај за извршената самоевалуација со предлог на мерки за подобрување на квалитетот на наставата кој го доставува до училишниот одбор, директорот на училиштето и основачот. Училишниот одбор и директорот треба да постапат по предлогот на мерките на комисијата.
Член 148
(1) Резултатите од самоевалуацијата на основните училишта се објавуваат на веб страницата на училиштето и на општината.
(2) Извештајот со резултатите од самоевалуацијата училиштето го доставува до Државниот испитен центар.
Член 149
Начинот и областите за вршењето на самоевалуацијата на основните училишта ги пропишува министерот.
XII. НОСТРИФИКАЦИЈА И ЕКВИВАЛЕНЦИЈА НА СВИДЕТЕЛСТВА СТЕКНАТИ ВО СТРАНСТВО
Член 150
(1) Државјанин на Република Македонија кој во странство завршил основно образование или завршил одделно одделение од основното воспитание и образование, има право да бара признавање на свидетелството, односно нострификација или признавање на еквиваленција во согласност со овој закон, доколку со меѓународните договори поинаку не е одредено.
(2) Странски државјани и лице без државјанство имаат право да бараат нострификација или признавање на еквиваленција на свидетелството стекнато во странство.
Член 151
(1) Со нострификација се врши признавање на свидетелството стекнато во странство во целина во поглед на правата што му припаѓаат на имателот на свидетелството за продолжување на образованието.
(2) Со еквиваленција се врши изедначување на свидетелството стекнато во странство со соодветното свидетелство стекнато во Република Македонија.
(3) Нострификацијата, односно признавањето на еквиваленција на свидетелство стекнато во странство ја врши Министерството.
Член 152
Со нострификација и со признавање на еквиваленција свидетелството стекнато во странство се изедначува со соодветното свидетелство стекнато во Република Македонија во целина во поглед на правата што му припаѓаат на имателот за продолжување на образованието.
Член 153
Во постапката за нострификација и признавање на еквиваленција на свидетелството стекнато во странство, односно нивна еквиваленција се зема предвид: - системот на образование во државата во која свидетелството е стекнато, - траењето на образованието, - наставниот план и програми, - правата што свидетелството ги дава на имателот во земјата каде што е стекнато и - други работи од значење за нострификација и еквиваленција.
Член 154
Ако во постапката за нострификација, односно еквиваленција се утврди дека наставниот план и програмите битно отстапуваат од наставниот план и програмите во Република Македонија со кого се споредува, нострификацијата се условува со полагање предмети.
Член 155
(1) Кон барањето за нострификација и признавање на свидетелството стекнато во странство барателот поднесува барање со потребната документација, и тоа: - оригинал сведителства или диплома и една копија заверена на нотар, - превод на македонски јазик од овластен судски преведувач на свидетелството или дипломата (во три примероци), - извод од матичната книга на родените за родени во Република Македонија, - извод од матичната книга на родените за лица кои не се родени во Република Македонија во оригинал или копија заверена на нотар и еден примерок преведен од овластен судски преведувач, - доказ за државјанство на Република Македонија, - доказ за државјанин на друга држава во оригинал и еден примерок од доказот преведен од овластен судски преведувач, - доказ за претходно завршено образование и
- оригинален примерок од уплатница за уплатените средства за нострификација на сведителство или диплома стекната во странство.
(2) Образецот на барањето од став (1) на овој член и потребната документација за нострификација и признавање на свидетелството стекнато во странство ги пропишува министерот надлежен за работите од областа на образованието во согласност со министерот за информатичко општество и администрација.
(3) Овластеното службено лице од Министерството кое ја води постапката за нострификација и признавање на свидетелството стекнато во странство е должно во рок од три дена од денот на приемот на барањето за акредитација за организирање на натпревари, по службена должност да побара документација од став (1) алинеите 3 и 5 на овој член за која надлежниот јавен орган води службена евиденција.
(4) Овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој е побарана документацијата од став (1) алинеите 3 и 5 на овој член е должно да ја достави бараната документација во рок од три дена од денот на приемот на барањето.
(5) Ако барањето од ставот (1) на овој член не содржи комплетна документација, Комисијата во рок до 15 дена од приемот на барањето, го известува писмено лицето да ја достави документацијата која недостасува.
Член 156
(1) Лицето кое поднело барање за нострификација, односно признавање на еквиваленција на свидетелството стекнато во странство, може условно да го посетува наредното одделение, доколку постапката не е завршена до истекот на рокот за упис на учениците во училиште.
(2) Ученикот чие свидетелство врз основа на извршена нострификација, односно признавање на еквиваленција дава право на запишување во пониска година од годината во која условно е запишан, се префрлува во соодветната година и со тоа се поништува условното запишување.
Член 157
(1) Решение за нострификација и решение за признавање на еквиваленција на свидетелството стекнато во странство донесува Министерството, во рок од 60 дена од денот на поднесување на барањето за нострификација, односно еквиваленција, по предлог на комисија.
(2) Комисијата од ставот (1) на овој член ја формира министерот и е составена од истакнати стручни лица, со високо образование и со најмалку седум години работно искуство во воспитно-образовната дејност или во орган на државната управа надлежен за работите на образованието.
(3) Повеќе од половината членови на комисијата од ставот (2) на овој член се од воспитно-образовната дејност.
(4) Против решението за одбивање на нострификацијата, односно еквиваленцијата, може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.
Член 158
Избришан
Член 159
(1) Надоместокот на трошоците во постапката за нострификација се утврдува врз основа на направените реални трошоци.
(2) Висината на надоместокот на трошоците од ставот (1) на овој член и начинот на распределбата на надоместокот, ги пропишува министерот.
Член 160
Министерството ја чува документацијата од извршената нострификација, односно еквиваленција и за тоа води евиденција.
Член 161
Формата и содржината на обрасците за нострификација, односно еквиваленција и начинот на водење на евиденцијата ги утврдува министерот.
XIII. ФИНАНСИРАЊЕ НА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Член 162
(1) Средствата за финансирање на дејноста на основното образование се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија, на начин и постапка утврдени со Законот за буџетите на Република Македонија, Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
(2) Средствата од ставот (1) на овој член се распределуваат на општините по пат на блок дотации и наменски дотации согласно со Уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотациите и Уредбата за методологијата за распределба на капиталните и наменските дотации утврдени во Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
(3) Општината средствата од ставот (2) на овој член ги распределува на основните училишта на своето подрачје за обезбедување на реализација на воспитно-образовниот процес, во согласност со утврдените стандарди и нормативи.
(4) Со уредбите од ставот (2) на овој член се уредува распределбата на средствата од блок дотацијата и од наменската дотација која се врши врз основа на формула и согласно
со фазите за фискалната децентрализација утврдени во Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.
(5) Формулата од ставот (4) на овој член за распределба на средствата се изведува основно од бројот на учениците во основните училишта на своето подрачје. Врз изведувањето на формулата можат да имаат влијание и други дополнителни показатели.
Член 163
Општината може да ја дополни добиената блок дотација, односно наменска дотација за образование со средства од сопствени извори, освен за платите на вработените во училиштата.
Член 164
(1) Податоците од годишниот финансиски план и од завршната сметка на основните училишта, општината ги објавува во своето службено гласило.
(2) Министерот утврдува кои податоци ќе бидат објавени.
Член 165
Средствата за финансирање на дејноста на основното образование можат да се обезбедуваат и од други извори (легати, подароци, завештанија и друго), а се користат наменски.
Член 166
(1) Министерството за средствата за финасирање на основното образование донесува финансов план и програми и годишна пресметка.
(2) Министерството утврдува мерила и критериуми за распоредување на средствата за државните основни училишта.
(3) Советот на општината утврдува мерила и критериуми за распоредување на средства за општинските основни училишта.
(4) Министерството го контролира наменското користење на средствата кои се распределуваат од Буџетот на Република Македонија.
Член 167
Основните училишта се должни да склучат соодветно осигурување за одговорност од предизвикана штета, за што средства обезбедува основачот.
XIV. НАДЗОР
Член 168
(1) Надзор над спроведувањето на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Министерството.
(2) Инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон врши Државниот просветен инспекторат и овластените инспектори на општините, согласно со закон.
Член 168-а
(1) Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор државниот просветен инспектор или овластениот инспектор на општината утврди дека за прв пат е сторена неправилност од членот 172 на овој закон, е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или основното училиште каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор.
(2) Формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата ги пропишува министерот.
(3) Едукацијата ја организира и спроведува Државниот просветен инспекторат, односно овластениот инспектор на општината, којшто го извршил инспекцискиот надзор, во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.
(4) Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни неправилности за едно или повеќе лица, односно за едно или повеќе основни училишта.
(5) Доколку во закажаниот термин лицето или основното училиште над кое се спроведува едукација не се јави на едукацијата ќе се смета дека едукацијата е спроведена.
(6) Доколку лицето или основното училиште над кое се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата ја заврши ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност.
(7) Доколку државниот просветен инспектор или овластениот инспектор на општината при спроведување на контролниот надзор утврди дека се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, донесува заклучок со кој ја запира постапката на инспекцискиот надзор.
(8) Доколку државниот просветен инспектор или овластениот инспектор на општината при спроведување на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените неправилности од ставот (1) на овој член, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд.
(9) Државниот просветен инспекторат, односно овластениот инспектор на општината, којшто го извршил инспекцискиот надзор, води евиденција за спроведената едукација на начин пропишан од министерот.
Член 169
(1) Кога Министерството ќе смета дека статутот или друг акт на основното училиште не е во согласност со Уставот и закон има право да го запре од извршување актот до донесување на одлука на Уставниот суд на Република Македонија.
(2) Ако Министерството во вршење на надзорот од членот 168 став (1) на овој закон, утврди дека основното училиште издало свидетелство спротивно на одредбите на овој закон донесува решение за нивно поништување што се објавува во средствата за јавно информирање и поднесува пријава до органот за кривично гонење.
Член 170
(1) При вршењето на надзорот над работата на органите на општината, Министерството ги врши следниве работи: - ја следи законитоста на работата на органите на општината, презема мерки и активности и поднесува иницијативи за остварување на надлежностите на општината во согласност со овој закон, - оценува дали органите на општината ги извршуваат надлежностите согласно со овој закон, - им укажува на органите на општината на пречекорувањето на нивните надлежности утврдени со овој закон и друг пропис и им предлага соодветни мерки за надминување на таквата состојба, - укажува на определени материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општината со кои се оневозможува вршењето на работите од областа на основното образование од локално значење, - дава препораки за доследно спроведување на надлежностите на општината согласно со овој закон на барање на органите на општината, - го следи навременото донесување на прописи на општината предвидени со овој закон, - ја следи законитоста на решенијата што градоначалникот ги донесува во решавањето на поединечните права, обврски и интереси на физичките и правните лица и презема мерки во согласност со овој закон, - дава мислење и стручна помош по предлогот на прописите на општината предвидени со овој закон, на барање на органите на општината, - го следи остварувањето на јавноста во работата на органите на општината, во остварувањето на нивните надлежности утврдени со закон, а особено од аспект на редовно, навремено, вистинито и потполно известување на граѓаните, - го следи остварувањето на претходниот надзор на прописите на општините и - навремено ги известува органите на општината за констатираните состојби во нивната работа и за преземените мерки при вршењето на надзорот.
(2) За преземените мерки и активности од ставот (1) алинеи 6 и 7 на овој член, Министерството го информира органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на локалната самоуправа.
Член 171
(1) Ако и покрај укажувањата и преземените мерки и активности, органите на општината не го обезбедат извршувањето на работите кои со закон се утврдени како нејзина надлежност и за чие извршување одговорна е општината, по сила на овој закон им се одзема вршењето на сооодветната надлежност.
(2) Вршењето на одземените работи го презема Министерството, но најмногу до една година од денот на нивното преземање.
(3) Министерството одземените работи од надлежност на општината ги врши во име и за сметка на општината.
(4) За одземањето на работите од ставот (1) на овој член се известува органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на локалната самоуправа и органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на финансиите.
XV. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ
Член 172
(1) Глоба во износ од 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на основното училиште, ако: - името на основното училиште е напишано спротивно на членот 14 од овој закон, - внесува погрешни податоци во интегрираната база на податоци (член 15-а), - не истакне распоред за дополнителна и додатна настава за секој наставен предмет, на видно место во училиштето и истиот не го достави до Државниот просветен инспекторат (член 28-а), - задолжителните и изборните предмети за учениците со посебни образовни потреби се реализираат спротивно на членот 30 став (2) од овој закон, - не го организира прифаќањето и заштитата, како и продолжен престој на учениците (член 33 ставови (1) и (2)), - не ги запознае учениците и родителите преку брошура со одделни делови од програмата за работа, правата и должностите на учениците и организацијата на работата во училиштето (член 36), - издаде јавни исправи спротивно на членот 101 став (2) од овој закон и - не склучи соодветно осигурување за одговорност од предизвикана штета (член167).
(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на директорот на основното училиште.
(3) Глоба во износ од 80 до 120 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на наставникот за прекршокот од ставот (1) алинеи 3, 4 и 5 на овој член.
(4) Глоба во износ од 60 до 80 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на родителот, односно старателот ако ученикот не е запишен во рокот утврден во членот 47 став (1) од овој закон.
(5) Глоба во износ од 80 до 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на родителот, односно на старателот за прекршок ако не се јави во утврдениот термин за советување по втората упатена покана (член 64-а став (2)).
(6) Глоба во износ од 200 до 280 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на родителот, односно на старателот за прекршок, ако не се јави во утврдениот термин за советување по третата упатена покана (член 64-а став (2)).
(7) Глоба во износ од 300 до 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на родителот, односно старателот ако не му овозможи на своето дете да ја исполни обврската за задолжително основно образование и воспитание (член 5).
(8) За секое наредно повторување на прекршоците од ставовите (1) до (7) на овој член во тековната учебна година се изрекува глобат во двоен износ.
Член 172-а
(1) Глоба во износ од 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на основното училиште, ако: - во основното училиште се врши дискриминација (член 2 став (2)), - воспитно-образовната работа не се изведува согласно со членот 9 од овој закон, - не внесува податоци во интегрираната база на податоци (член 15-а), - се организира подрачно училиште без одлука на основачот и претходно позитивно мислење од министерот (член 20 став (2)), - не користи информатичко-комуникациски технологии во наставата (член 25 став (6)); - годишната програма за работа не ја достави до основачот, Бирото и Државниот просветен инспекторат во определениот рок (член 35 ставови (4) и (7)), - не го оствари вкупниот број наставни денови (член 38 став (2)), - се организира комбинирана паралелка без добиена согласност од основачот (член 41 став (7)), - организира паралелка со помалку од 24 ученици без добиена согласност од основачот (член 45 став (5)), - основното училиште навреме не организира и не изврши запишување на ученици (член 46 став (1)), - не ги опфати учениците од својот реон (член 46 став (2)), - запише ученици од друг реон или друга општина без да има слободни места (член 46 став (3)), - не го извести овластениот просветен инспектор на општината за децата кои не се запишани, односно кои неоправдано не го посетуваат училиштето повеќе од 30 дена (член 52), - професионалното усовршување се остварува преку неакредитирани програми (член 91 став (3)), - не се води или се води и издава педагошката документација спротивно на членовите 99 и 100 од овој закон и - постапи спротивно на членот 126 став (1) алинеи 2 и 3 од овој закон.
(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на директорот на основното училиште.
(3) Глоба во износ од 140 до 180 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на наставникот за прекршокот од ставот (1) алинеи 1, 2, 5 и 15 на овој член, како и за прекршок, ако: - не го оствари годишниот и неделниот број на часови за наставата согласно со наставниот план и програма (член 25), - како одделенски наставник, односно раководител на паралелка не го извести родителот за успехот на ученикот најмалку двапати за секое полугодие (член 67), - како одделенски наставник, односно раководител на паралелка годишните оценки не им ги соопшти на родителите на родителска средба која се одржува три дена по денот на
одржувањето на наставничкиот совет на кој се утврдуваат годишните оценки на учениците (член 72 став (1)), - како ментор не изработи програма и извештај од членот 85 став (8) на овој закон, - не ја реализира наставата интерактивно (член 86 став (2)), - не ја планира наставата во писмена или електорнска форма (член 86 став (4) алинеја 1) и - врши продажба на учебници, списанија и друга литература во основните училишта (член 123 став (2)).
(4) За секое наредно повторување на прекршоците од ставовите (1) до (3) на овој член во тековната учебна година се изрекува глоба во двоен износ.
Член 172-б
(1) Глоба во износ од 1.600 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на основното училиште, ако: - се организира политичко и верско организирање и дејствување и се истакнуваат партиски и верски обележја (член 11), - започне со работа пред утврдување на исполнувањето на условите за почеток со работа и пред донесување на решение за верификација (член 19 став (2)), - ја прекине воспитно-образовната работа спротивно на членот 38 став (6) од овој закон, - се врши телесно и психичко малтретирање на ученикот (член 53), - изврши избор на наставници и стручни соработници спротивно на одредбите од членовите 80, 82 и 84 на овој закон, - постапи спротивно на членот 85 ставови (6),(7),(8) и (9) од овој закон, - се врши телесно или психичко малтретирање на наставник, стручен соработник или воспитувач (член 86 став (5)), - на наставникот не му издаде ново решение за работно време (член 95 став (2)), - по извршена вонредна интегрална евалуација не ги отстрани причините за нарушувањето на воспитно-образовниот процес (член 127 став (1)), - не донесе програма за развој на училиштето согласно со членот 146 од овој закон, - не спроведе самоевалуација на училиштето (член 147) и - не овозможи вршење на надзор над законитоста и инспекциски надзор (член 168).
(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на директорот на основното училиште.
(3) Глоба во износ од 200 до 240 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на наставникот на основното училиште за прекршокот од ставот (1) алинеи 1, 3, 4 и 12 на овој член.
(4) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на родителот, односно старателот ако родителот, односно старателот или неговото дете врши телесно или психичко малтретирање на наставник, стручен соработник или воспитувач (член 86 став (5)).
(5) За секое наредно повторување на прекршоците од ставовите (1) до (4) на овој член во тековната учебна година се изрекува глоба во двоен износ.
(6) На основното училиште за дејствијата од ставот (1) алинеја 2 на овој член, покрај предвидената глоба задолжително ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејност во времетраење од најмногу три години, сметајќи од денот на правосилноста на одлуката.
(7) На директорот на основното училиште за дејствијата од ставот (1) алинеја 2 на овој член, покрај предвидената глоба задолжително ќе му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана за вршење на професија во времетраење од најмногу една година, сметајќи од денот на правосилноста на одлуката.
Член 172-в
(1) Глоба во износ од 800 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорното лице во правното лице ако дозволи тестаторот и помошникот на тестаторот да се од редот на наставниците по предметот по кој се врши екстерното проверување (член 71 став (11)).
(2) Глоба во износ од 300 до 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на наставниците ако постапуваат спротивно на член 71 став (8).
(3) Глоба во износ од 300 до 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за на тестаторот и помошникот на тестаторот ако дава било какви информации во врска со одговорите на прашањата (член 71 став (10)).“
(4) Глоба во износ од 300 до 400 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на тестаторот и помошникот на тестаторот ако се од редот на наставниците по предметот по кој се врши екстерното проверување (член 71 став (11)).
(5) За секое наредно повторување на прекршоците од ставовите (1) до (4) на овој член во тековната учебна година глобата се изрекува во двоен износ.
Член 172-г
(1) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од Комисијата, односно од Министерството кое ја води постапката, ако: - не ги прибави доказите во рок од три дена од денот на приемот на барањето (член 34 став (10) и член 155 став (3) од овој закон); - не одлучи по барањето во рок од 30 дена, односно во рок од 60 дена од денот на приемот на барањето (член 34 став (5) и член 157 став (1) од овој закон).
(2) Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службено лице од надлежниот јавен орган од кој се побарани доказите и податоците ако не ги достави бараните докази и податоци во рок од три дена од денот на приемот на барањето (член 34 став (11) и член 155 став (4) од овој закон).
Член 173
Надлежен орган за изрекување на прекршочните санкции е надлежниот суд.
(2) Oдмерувањето на висината на глобата за правно лице се врши согласно Законот за прекршоците.
Член 174
(1) За прекршоците утврдени во членовите 172, 172-а, 172-б, 172-в и 174-а од овој закон, државниот просветен инспектор должен е на сторителот на прекршокот да му издаде прекршочен платен налог, согласно Законот за прекршоци.
(2) Доколку сторителот го прими прекршочниот платен налог, истиот треба да го потпише. Примањето на прекршочниот платен налог од сторителот на прекршокот се забележува во записник.
(3) Во записникот од став (2) на овој член се утврдува начинот на кој ќе се отстранат штетните последици од прекршокот, како и начинот на надминување на последиците од сторениот прекршок.
(4) Кога како сторител на прекршок се јавува правно лице, записникот и прекршочниот платен налог ги потпишува директорот на основното училиште или од него овластено лице.
(5) Државниот просветен инспектор е должен да води евиденција за издадените прекршочни платни налози и за исходот од покренатите постапки.
(6) Во евиденцијата од ставот (5) на овој член се собираат, обработуваат и чуваат следните податоци: име и презиме, односно назив на сторителот на прекршокот, живеалиште, односно престојувалиште, седиште, вид на прекршокот, број на прекршочниот платен налог кој му се издава и исходот на постапката.
(7) Личните податоци од ставот (6) на овој член се чуваат пет години од денот на внесување во евиденцијата.
(8) Министерот за образование и наука ги пропишува формата и содржината на прекршочниот платен налог.
Член 174-а
(1) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност државниот просветен инспектор ќе му изрече за прекршок на правното лице ако не се води е-дневник врз неделна основа во основното училиште (член 100 став (4)).
(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лицеќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на директорот на основното училиште.
(3) Глоба во износ од 50 до 60 евра во денарска противвредност државниот просветен инспектор ќе му се изрече за прекршок на наставникот ако не води е-дневник на неделна основа во основното училиште (член 100 став (4)).
(4) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршокот од член 97 ставовите (11) и (12) од овој закон на директорот на основното училиште.
(5) За секое наредно повторување на прекршоците од ставовите (1) до (4) на овој член во тековната учебна година се изрекува глоба во двоен износ.
Член 174-б
Средствата од глобите изречени од страна на државните просветни инспектори се приход на Буџетот на Република Македонија.
XVI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 175
(1) Основното училиште во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон ја усогласува својата организација, работа, статут и другите акти со овој закон.
(2) До донесувањето на актите од ставот (1) на овој член се применуваат постојните акти на основното училиште доколку не се во несогласност со овој и друг закон.
Член 176
(1) Подзаконските акти предвидени во овој закон, министерот ќе ги донесе во рок од една година од денот на неговото влегување во сила, освен актите предвидени во членот 129 од овој закон, кои министерот ќе ги донесе во рок од три месеца по основањето на Државниот испитен центар, како и прописот од членот 71 став (6) на овој закон кој министерот ќе го донесе до 31 декември 2008 година.
(2) До донесувањето на актите од членот 129 на овој закон ќе се применува Правилникот за постапката и начинот на полагањето на испитот за директор на основното училиште, како и формата и содржината на уверението за положен испит за директор (“Службен весник на Република Македонија” број 36/2005).
Член 177
До донесување на актите предвидени со овој закон ќе се применуваат постојните акти.
Член 178
Постапките кои се започнати пред влегувањето во сила на овој закон ќе се завршат согласно со Законот за основното образование (“Службен весник на Република Македонија” број 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 63/2004, 82/2004, 55/2005, 81/2005, 113/2005, 35/2006, 70/2006 и 51/2007).
Член 179
(1) Учениците кои се запишале во основно училиште пред учебната 2006/2007 година го продолжуваат образованието според наставниот план и програмите за основно осмогодишно образование до завршување на нивното основно образование.
(2) Учениците кои во учебната 2006/2007 година посетувале подготвителна година во учебната 2008/2009 година го продолжуваат образованието во трето одделение според наставниот план и програмите за деветгодишно основно образование.
Член 180
Учениците запишани во основното училиште заклучно со учебната 2006/2007 година ќе се оценуваат со бројчани оценки од четврто до осмо одделение од осумгодишното основно образование до завршувањето на основното образование.
Член 181
Укинат
Член 182
(1) Со денот на влегувањето во сила на овој закон, наставниците кои изведуваат настава во посебни основни училишта и паралелки во основните училишта со работно искуство над 20 години во настава продолжуваат да ги вршат работите на работните места на кои се затекнати.
(2) Наставниците кои не ги исполнуваат условите од ставот (1) на овој член се должни да се стекнат со соодветно образование најдоцна за две години од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 183
Одредбите од членот 8 на овој закон ќе се применуваат од 2012 година.
Член 184
Директорите на основните училишта именувани пред влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да ги вршат своите функции до истекот на времето за кои се именувани.
Член 185
(1) Нострификација, односно еквиваленција на свидетелство извршено во републиките и автономните покраини на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија до 1 септември 1991 година, има иста вредност на територијата на Република Македонија.
(2) Свидетелствата на лицата кои го стекнале образованието во поранешните републики, односно држави на Социјалистичка Федеративна Република Југославија до 1 септември 1995 година се признаваат без спроведување постапка за нострификација.
Член 186
Со денот на влегувањето во сила на овој закон, Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух “Кочо Рацин” - Битола, Посебното основно училиште “Иднина” - Скопје, Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми - Скопје, Јавната установа - Завод за рехабилитација на деца и младинци - Скопје, Јавната установа – Завод за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци “Ранка Милановиќ” - Скопје, Посебното училиште за основно образование на децата попречени во психичкиот развиток “Д-р Златан Сремец” - Скопје, Јавната установа - Завод за заштита и рехабилитација “Бања Банско” - Струмица, Посебното основно училиште за ученици со посебни воспитно - образовни потреби “Св. Климент Охридски” - Ново Село и Посебното основно училиште со ученички дом “Маца Ѓорѓиева Овчарова” - Велес на кои не се пренесени основачките права на општината, продолжуваат со работа како државни основни училишта, согласно со одредбите на овој закон.
Член 187
Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за основното образование (“Службен весник на Република Македонија” број 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 63/2004, 82/2004, 55/2005, 81/2005, 113/2005, 35/2006, 70/2006 и 51/2007).
Член 188
(1) Укинат
(2) Одредбите на членовите 43 и 44 од овој закон ќе отпочнат да се применуваат од 1 септември 2012 година.
(3) Одредбата на членот 85 став (7) од овој закон ќе отпочне да се применува со денот на влегувањето во сила на актот од членот 85 став (13) на овој закон.
(4) Одредбите на членот 92 од овој закон ќе отпочнат да се применуваат три години од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 189
Избришан
Член 190
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
ОДРЕДБИ ОД ДРУГИ ЗАКОНИ Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 33/2010, 156/2010 и 6/2012): Член 22 Подзаконските акти предвидени со овој закон министерот ќе ги донесе во рок од три
месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 23 Одредбите од овој закон кои се однесуваат на екстерното проверување на напредокот и постигањето на успехот на учениците во основното образование ќе се применуваат од учебната 2012/2013 година.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2010): Член 9 Подзаконскиот акт предвиден во членот 86 од овој закон министерот ќе го донесе во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Подзаконските акти предвидени во членот 168-а од овој закон министерот ќе ги донесе во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2011): Член 12 Подзаконските акти предвидени во овој закон ќе се донесат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2011 и 6/2012 ): Член 14 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија", освен одредбите од членовите 2, 3, 4 и 9 од овој закон кои ќе се применуваат од 1 септември 2011 година, одредбата од членот 5 од овој закон која ќе се применуваа од 1 јануари 2012 година и одредбите од членовите 6, 7 и 8 од овој закон кои ќе се применуваат од 1 јануари 2013 година.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/2011): Член 3 Подзаконскиот акт предвиден со овој закон ќе се донесе во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/2011): Член 4 Одредбата од членот 1 на овој закон ќе започне да се применува со започнувањето на примената на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 100/2012): Член 14 Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 15 став (1) Спроведувањето на екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците во
основното образование, на начин и под услови утврдени со овој закон ќе започне да се применува од 1 мај 2013 година.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 100/2012): Член 15 став (2) Одредбите од членот 10 од овој закон ќе се применуваат од 1 септември 2016 година.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2013): Член 9 Одредбата од членот 6 од овој закон која се однесува на членот 128 став (6) ќе започне да се применува од 1 септември 2013 година.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/2014): Член 9 Директорот на основото училиште избран до денот на започнувањето со примената на членовите 5 и 6 став 1 од овој закон продолжува да ја врши функцијата до истекот на мандатот за кој е избран.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/2014 и 10/2015): Член 11 Одредбите на членот 3 од овој закон ќе започнат да се применуваат со денот на започнувањето со примената на Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македониjа“ број 27/14) и Законот за административните службеници (“ Службен весник на Република Македонија“ број 27/14). Одредбите на членовите 5 и 6 став 1 од овој закон ќе започнат да се применуваат по една година од денот на влегувањето во сила на овој закон, освен одредбите од членот 6 став 1 од овој закон кои се однесуваат на условот за познавање на странски јазик кои ќе започнат да се применуваат по пет години од денот на влегувањето во сила на овој закон а одредбите кои се однесуваат на условот за положен психолошки тест и тест за интегритет кои ќе започнат да се применуваат од 1 февруари 2016 година.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2014): Член 5 Извештајот со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците за учебната 2012/2013 година, Државниот испитен центар ќе го објави на веб страницата на Државниот испитен центар и на Министерството во рок од десет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 6 Решенијата за зголемување, односно за намалување на платите на наставниците согласно извештајот со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците за учебната 2013/2014 година ќе се донесат согласно одредбите од член 2 на овој закон со кои се врши изменување на членот 97 став (15) од овој закон.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 135/2014 и 10/2015): Член 7 Решенијата за зголемување, односно за намалување на платите на наставниците согласно објавениот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците за учебната 2013/2014 година ќе се донесат согласно одредбите од член 5 од овој закон.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 135/2014): Член 8 Одредбата од член 1 од овој закон со која се додава нов член 26 ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2016 година. Член 10 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/2015): Член 8 На наставниците кај кои има најмали, односно најголеми отстапувања во добиените показатели согласно со доставениот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците за учебната 2013/2014 година, нема да им се зголеми, односно намали платата согласно со одредбите од членот 97 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ број 103/2008, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14 и 10/15).
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/2015): Член 10 Овој закон влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/2015): Член 9 Подзаконскиот акт утврден со овој закон ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 145/2015): Член 11 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 30/2016): Член 25 Започнатите постапки до денот на отпочнување на примената на овој закон ќе завршат
согласно законот по кој биле започнати. Член 26 Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 30/2016): Член 27 Одредбата од член 6 од овој закон со кој се додава нов член 44-в став (1) ќе отпочне да се применува по една година од денот на влегувањето во сила на овој закон. Член 28 Одредбите од член 1, член 5 со кој во член 34 се додаваат ставовите 8, 9, 10 и 11, членовите 11 и 12, член 15 со кој се менува член 91 став 10 и членовите 16, 20, 21, 22, 23 и 24 од овој закон, ќе отпочнат да се применуваат со отпочнувањето на примената на Законот за општата управна постапка, согласно член 141 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ број 124/15). Член 29 Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

 

Последен пат изменето на Среда, 13 Декември 2017 08:50

Оставете коментар

Make sure you enter all the required information, indicated by an asterisk (*). HTML code is not allowed.

пријави се за новини

Д.А.Габерот - Ваташа

Димката Ангелов - Габерот од Ваташа е основно осумгодишно училиште на подрачјето на општина Кавадарци во село Ваташа.

работно време

Училиштето е отворено за настава и контакт секој ден од понеделник до петок

од 07.30 до 17.30 часот

контакт

каде се наоѓаме

адреса
ул.Страшо Пинџур бр.186 - Ваташа
контакт телефони
043/416-543
043/416-543
Печати