понеделник - петок - 07:30 - 17:00 часот

активности - настани

активности - настани во ООУ Д.А. Габерот - Ваташа

Четврта Еразмус+ обука во рамките на проектот

Разни методи кон една цел – Успешно Инклузивно Образование!

Various methods towards one goal – Successful Inclusive Education!

ation!

Во периодот од 23. до 28. септември 2019 год. 4 наставници од ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа присуствуваа  на четвртата обука од Еразмус+ проектот Various methods towards one goal – Successful Inclusive Education! која се реализираше во Кокола, Финска, со партнер училиштата на нашето училиште од Полска, Италија, Шпанија, Грција и Финска, вклучени во имплементацијата на проектот. На оваа работилница од нашето училиште присуствуваа Марјанчо Јанкулов, Директор, Ѓурѓица Косовска, наставник – координатор на проектот, Билјана Ристовска, наставник по историја, Софија Соколова – наставник по информатика.

Тема на четвртата обука од Еразмус+ проектот беше „Грижа за природата и инклузија“- “GREEN CARE & INCLUSION”.

Оваа обука им овозможи на учесниците да ја препознаат полезноста од природата си неколку видови активности кои целат кој подобрување на образовниот процес за деца со посебни образовни потреби. За време на обуката беа преставени три дела: 1. Теоријата на програмата „Грижа за природата“; 2. Работилници за инклузија; и 3. Учење преку практика. Обуката потенцира дека инклузија претставува еднаквост и праведност во образованието на учениците. Исто така за време на обуката се организираше средба со претприемачи кои работат во полето на грижата за природата, како и дел од нив кои се вклучени во образовниот процес соработувајќи со училиштата преку воннаставни часови помагајќи им на ученици во нивната инклузија. На обуката беше претставена програмата „Грижа за природата“ која се спроведува на национално ниво во Финска веќе некоја година и според досегашната практика оваа програма наидува на успешни и позитивни резултати во инклузивниот процес на учениците.

ој.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

пријави се за новини

Д.А.Габерот - Ваташа

Димката Ангелов - Габерот од Ваташа е основно осумгодишно училиште на подрачјето на општина Кавадарци во село Ваташа.

работно време

Училиштето е отворено за настава и контакт секој ден од понеделник до петок

од 07.30 до 17.30 часот

контакт

каде се наоѓаме

адреса
ул.Страшо Пинџур бр.186 - Ваташа
контакт телефони
043/416-543
043/416-543