развојна програма

Развојна Програма за работа на училиштето за периодот од 2018 – 2022 година

ОПШТИНСКО     ОСНОВНО      УЧИЛИШТЕ

  ДимкатаАнгеловГаберот

с.Ваташа

 

 

РАЗВОЈНА    ПРОГРАМА

 

за работа на училиштето за

 

 периодот од 2018 – 2022 година

 

 

 

 

 

Лична карта на училиштето

 

     На неполни 2km од Кавадарци се наоѓа селото Ваташа. Се спомнува ли Ваташа спонтано мислите ни запираат на три големини од нашето историско и револуционерно минато, 12-те Ваташки младинци, народниот херој Страшо Пинџур и легендарниот народен херој Димката Ангелов Габерот.

   Селото Ваташа е стара населба во која економскиот и и културно – просветниот развој почнал многу одамна, дури порано и од Кавадарци. Се вели дека првата печатница била отворена во 1936 год. во с. Ваташа од Даскал Камче.

    За прв пат училиште во с. Ваташа е отворено во 1918 год. и работи во старата зграда. Училиштето е пренесено во новоизградената зграда во 1948 год. и со Решение на Народниот Одбор на општина Кавадарци го добива името Димката Ангелов Габерот. 

    Селото Ваташа гравитира кон општина Кавадарци и брои околу 800 семејства, односно 3600 жители. С. Ваташа  е мултиетчка средина, која опфаќа 85% население од македонска националност и 15% од ромската заедница. Населението во с. Ваташа е претежно  се занимава со земјоделство, а помладата популација во потрага по подобри услови за живеење својата егзистенција ја бара во Кавадарци. Кавадарци е град со познато културно – историско минато, град на грозјето и виното, сеpeнадата, а со право може да се каже дека е и индустриски град во кој егзистираат неколку фабрики.

     Денес во Кавадарци се испреплетени традицијата и современите текови на живеење, град во кој се спојуваат искуството и староста со ентузијазмот и младоста. Кавадарци  е афирмиран град уште повеќе преку манифестацијата Тиквешки гроздобер, која има традицонален карактер.

     Основното училиште Димката Ангелов Габерот од с. Ваташа претставува расадник на креативни сили, кои се подготвени да се исправат пред предизвиците на модерното време, кое бара нови идеи, знаења и вештини.

     Во остварување на мисијата и визијата на училиштето активно се вклучени Директорот на училиштето, стручните соработници, сите наставници и останатите вработени во училиштето.

    Училиштето има успешна соработка со локалната средина, а целта на оваа соработка е да се стави во педагошка функција се што локалната средина може да понуди за поуспешно остварување на програмските задачи на училиштето, а исто така училиштето да влијае на подигање на културно – образовното ниво на месното население. Во рамките на ова подрчје училиштето организира и реализира посебни програми за одбележување на значајни датуми, јубилеи и учество на културни манифестации.

 

 

             

 

Целите на нашето училиште се:

 

Современо училиште, опремено со современи нагледни средства за подобрување на квалитетот на наставата,наставници кои постојано професионално се усовршуваат и ги мотивираат  учениците за постигнување поголеми резултати, и ученици кои изградиле систем од вредности , морален кодекс и трајни применливи знаења.

 

Мисија на училиштето:

Училиште според потребите на учениците и општествената средина во кое се стимулираат индивидуалниот развој на секој ученик и се развива свеста за правата и одговорностите на ученикот.

 

 

Визија на училиштето е:

Училиште во кое ќе обезбедиме квалитетни и современи услови за работа,стимулативна и безбедна средина за учење, толеранција и хармонија помеѓу учениците и почитување на различностите, одговорност и грижа кон животната средина.

 

За достигнување на Визијата училиштето треба да ги реализира следните цели и задачи:

 

  • На учениците да им овозможи индивидуален развој сообразен со нивните предиспозиции, возраст и карактеристики;
  • На учениците да им се обезбеди стимулативна и безбедна средина за учење;
  • На учениците да им се овозможи стекнување на знаења, умеења од областа на природните науки, општеството и изучувањето на јазиците;
  • Континуирано следење на напредокот на учениците, поттикнување на емоционалниот и социјалниот развој;
  • Да овозможи развивање на интелектуалните и другите способности и воспитни вредности на личноста на ученикот;
  • Кај учениците да развива истражувачки дух и да го збогатува интересот за примена во секојдневието;
  • Усогласување на ставовите и критериумите за оценување на учениците - реалност во оценувањето;
  • Континуирана соработка со родителите преку збогатување на формите на соработка;
  • Соработка со воспитно-образовни и културни институции, органи и организации од локалната средина;
  • Континуирано осовременување на образовната технологија;
  • Да им овозможи на учениците успешно завршување на основното образование и оспособување за продолжување на натамошната наобразба.

 

            Со самоевалуацијата на училиштето и интегралната евалуација од 2018 година се направи општа проценка за училиштето од каде што произлегоа јаките и слабите страни на училиштето со издвојување на приоритетните задачи кои претставуваат појдовна основа за изработка на развојната програма на училиштето за време од четири години.

 

            Од приоритетите издвоивме три стратешки цели од кои произлегоа развојните и конкретните цели со активности во временска рамка по години.

           

                      Во развојната програма на училиштето издвоени се следните стратешки цели:

 

      Стратешка цел    1. Подобрување на просторните и материјалните услови за работа;   

      Стратешка цел  2. Унапредување на професионалните компетенции на наставниот кадар (Професионално усовршување);

      Стратешка цел  3. Подобрување на квалитетот на наставата.

 

         Стратешка цел 1. Подобрување на просторните и материјалните услови за работа

Развојна цел   1. Изградба на спортска сала

 

Конкретни цели

Активности

Ресурси

Временска рамка на реализација

 

Човечки

материјални

2018/2022 година

 

1.1 Откуп на земјиштето  до училиштето

 

1. комуникација и координација со надлежните структури на Локалната Самоуправа

Директор,

Комисија

за јавни

 набавки

Архитекти и

Градежни

 инженери

 

Буџет на РМ

 

 

 

 

 

 

1.2.Изготвување на проект за градба

 

2.комуникација и  координација со МОН, Агенција за млади и спорт

 

1.3.Фази на изградба и пуштање во употреба

 

3.комуникација и координација со архитектонски бироа

 

 

 

 

 

Стратешка цел 1. Подобрување на просторните и материјалните услови за работа

Развојна цел     2. Нов кабинет по информатика

 

Конкретни цели

Активности

Ресурси

Временска рамка на реализација

Човечки и материјални

2018/2022 година

1.2.1.Адаптација на постоечка училница во кабинет

 

1.Барање средства од локална самоуправа

 

2.Барање на донации

 

3. Спроведување на постапка за јавна набавка

 

Директор,

Комисија за јавни набавки,

1.2.2 Набавка на нови 10 компјутери

 

1.2.3.Набавка на телевизор или видео бим во училницата

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Стратешка цел 1. Подобрување на просторните и материјалните услови за работа

Развојна цел     3. Уредување на училишниот двор

Конкретни цели

Активности

Ресурси

Временска рамка на реализација

Човечки

Материјални

2018/2022 година

1.3. 1. Поставување на украсни реквизити  и декорации во училишниот двор

Рециклирање на стари гуми

Набавка на реквизити

Ученици

Наставници

директор

 

донации

1.3. 2. Заштитна ограда на игралиштето

1.Изготвување на премер пресметка

2.Обезбедување средства од Локална самоуправа

3.Спроведување на јавна набавка

комисија за ЈН

архитекти

директор

Буџет на локална самоуправа

2018/2022 година

 

Стратешка цел 1. Подобрување на просторните и материјалните услови за работа

Развојна цел   4. Реконструкција на системот за греење

Конкретни цели

Активности

Ресурси

Временска рамка на реализација

Човечки

материјални

2018/2022 година

1.4.1. Пренамена на котел од дрва на пелети

 

 

1.Изготвување на студија од стручни лица

 2.Доставување на барање до Советот на Општината

3.Обезбедување на средства

1.Анализа на состојбата на постоечките радијатори

2.Набавка на нови радијатори

Директор,

комисија

за јавни набавки,

инженери,

Комисија за расход

Комисија за ЈН

Надзор

Буџет на РМ

Буџет на Локална самоуправа

1.4.2.смена на старите со нови радијатори

 

 

Стратешка цел 2. Унапредување на професионалните компетенции на наставниот кадар (Професионално усовршување)

Развојна цел 2.1. Обука на наставниците за работа со талентирани ученици

 

Конкретни цели

Активности

Ресурси

Временска рамка на реализација

              Човечки

2018/2022 година

2.1.1. Обуки за наставниците за работа со талентирани ученици

1. Спроведување на обуки

2. Дисеминација на стекнатите знаења во наставата и работата со учениците

3. Следење на реализацијата

4. Извештај за сите спроведени активности

Директор

наставници

Педагог

Психолог

 

Стратешка цел 2. Унапредување на професионалните компетенции на наставниот кадар

Развојна цел  2.2. Обука на наставниците за работа со деца со посебни образовни потреби

 

Конкретни цели

Активности

Ресурси

Временска рамка на реализација

Човечки

2018/2022 година

2.2.1. Да се обучат наставниците за работа со деца со посебни образовни потреби

1. Спроведување на обуки

2. Дисеминација на стекнатите знаења во наставата и работата со учениците

3. Следење на реализацијата

4. Извештај за спроведени активности

Директор,

Вработени,

Дефектолог,

 Психолог,

Педагог,

 

 

Стратешка цел 2. Унапредување на професионалните компетенции на наставниот кадар

Развојна цел  2.3. Креирање на заедници за учење

 

Конкретни цели

Активности

Ресурси

Временска рамка на реализација

Човечки

2018/2022 година

2.3.1. Креирање на заедници за учење

1.Спроведување на обуката

2.Дисеминација на стекнатите знаења со наставниците

3. Следење на реализацијата

4.Извештај за сите спроведени активности

 

Педагог,

Психолог,

Наставници од одделенска настава,родители

 

 

 

Стратешка цел 2. Унапредување на професионалните компетенции на наставниот кадар

Развојна цел 2.4. Обука на наставници почетници за примена на ИКТ технологијата во наставата

како и примена на иновативни форми,методи и техники на учење

Конкретни цели

Активности

Ресурси

Временска рамка на реализација

Човечки

2018/2022 година

2.4.1.  Да се обучат наставниците почетници за имплементција  на ИКТ технологијата  во наставата и употреба на е-дневникот

 

1.Дисеминација на стекнатите знаења со наставниците

  1. Посета на семинари

3.Следење на реализацијата

4.Извештај за сите спроведени активности

 

наставници-ментори

советници од БРО

акредитирани обучувачи и предавачи

 

2.4.2.Да се обучат новите наставници за примена на иновативни форми, методи и техники на учење

 

 

Стратешка цел 3. Подобрување на квалитетот на наставата

Развојна цел 3.1. Опремување на училиштето со современи нагледни средства

 

Конкретни цели

Активности

Ресурси

Временска рамка на реализација

Човечки

2018/2022 година

3.1.1. Континуирана набавка на LCD - телевизори за потребите на наставата

 

1. Идентификување на потребите од нагледни средства

 2.Спроведување на постапка за јавна набавка

3. Вклучување на Совет на родители, бизнис секторот, невладини организации и Амбасади

Директор,

Родители,

бизнис сектор,

невладини организации,

амбасадори

3.1.2.Набавка на нагледни средства

 

 

 

Стратешка цел 3. Подобрување на квалитетот на наставата

Развојна цел 3.2. Опремување на училиштето со стручна литература и лектирни изданија

 

Конкретни цели

Активности

Ресурси

Временска рамка на реализација

Човечки

2018/2022 година

3.2.1. Набавка на стручна литература и лектири

1. Идентификување на потребите од стручна литература и лектирни изданија

 2.Спроведување на постапка за јавна набавка

3.Прирачници

Директор,

Библиотекар,

Стручни активи

 

 

Стратешка цел 3. Подобрување на квалитетот на наставата

Развојна цел 3.3. Опремување на училиштето со ученички шкафчиња  во училниците

 

Конкретни цели

Активности

Ресурси

Временска рамка на реализација

Човечки

2018/2022 година

3.3.1. Набавка на ученички шкафчиња 

1.Спроведување на постапка за јавна набавка

Директор,

наставници

 

 

Стратешка цел 3. Подобрување на квалитетот на наставата

Развојна цел 3.4. Опремување на училиштето со електронски табли 

 

Конкретни цели

Активности

Ресурси

Временска рамка на реализација

Човечки

2018/2022 година

3.4.1. Набавка на електронски табли 

1.Спроведување на постапка за јавна набавка

Директор,

 

 

Jуни,2018

                                                                                                                                                                            Директор,

                                                                                                                                                                        _____________

Марјанчо Јанкулов