Print this page

БАРАЊЕ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

прашања и одговори на барања на информации од јавен карактер Thursday, 18 November 2021 19:33
Rate this item
(0 votes)

Почитувани!

 Граѓанската иницијатива “Учебници и настава мора да има” премина во правен субјект –Асоцијација за унапредување на воспитно-образовниот систем и заштита на правата на децата и младите во образованието “Либрис плус”.

Минатиот месец испративме до сите основни училишта барање за информации од јавен карактер и направивме истражување како се одвива наставата според новата концепција. Повеќето основни училишта ни одговорија дека немаат добиено смарт табли и прожектори и дека истите им биле ветени дека ќе ги добијат после локалните избори. Некои училишта од руралните средини немаат ниту интернет конекција.

Повторно упатуваме до вас барање за информации од јавен карактер и ве молиме да ни одговорите на следните прашања:

  1. Дали во вашето училиште има интернет конекција?
  2. Дали во вашето училиште се доставени смарт табли и прожектори?
  3. Дали во вашето училиште се повлекува од употреба учебникот по Македонски јазик за петто одделение?
  4. Дали во вашето училиште се користи е-дневникот?
  5. Дали се справувавте со проблеми при користење на е-дневникот?
  6. Дали сметате дека е подобро да се вратат печатените дневници во употреба?

 

Однапред ви благодариме за соработката !

 

Со почит,

Драгана Спасесвка

Датум

18.11.2021

одговор на прашањето е даден во електронска форма која може да се превземе подолу

Read 514 times Last modified on Thursday, 23 February 2023 19:47
ДАГ-Ваташа

администратор на содржините на www.dagvatasa.edu.mk . ооу Димката Ангелов Габерот - Ваташа