Прва Еразмус+ обука во рамките на проектот

Разни методи кон една цел – Успешно Инклузивно Образование!

Various methods towards one goal – Successful Inclusive Education!

Во периодот од 22. до 26. октомври 2018 год. 4 наставници од ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа присуствуваа  на првата обука од Еразмус+ проектот Various methods towards one goal – Successful Inclusive Education! која се реализираше во Клодско, Полска, со партнер училиштата на нашето училиште од Полска, Италија, Шпанија, Грција и Финска, вклучени во имплементацијата на проектот. На оваа работилница од нашето училиште присуствуваа Ѓурѓица Косовска, наставник – координатор на проектот, Александра Кузманова, наставник по математика, Оливера Димитрова – Ѓорчева наставник по математика, Милка Манчева – наставник по физика.

Тема на првата обука од Еразмус+ проектот беше „Употребата на визуелни уметности во инклузивното образование“ - “Using visual arts in inclusive education”.

На обуката беа претставени и разработени методите на вклучување на визуелните уметности за поуспешно инклузивно образование. Употребата на активни методи во образованието е исклучително важно, особено во процесот на инклузија од најрана возраст. Вклучувајќи вакви методи учениците полесно преку креативно размислување ќе решаваат проблеми. Во исто време, преку овие методи ќе се предизвика заинтересираност кај учениците за ново знаење. Овие методи овозможуваат да се искусат новите знаења преку вклучување на едукативни игри кои комбинираат елементи на забава и учење. Резултатите на крај укажуваат дали учениците можат да го употребат новото знаење во практика.

Исто така, дел од оваа обука беше посветен и на дигиталните алатки кои овозможуваат дополнителна подршка во вклучувањето на визуелните уметности во инклузивното образование. Во рамките на обуката беа исто така претставени и споделени примери од искуство и размена на добра практика.