Издание на книга во рамки на Еразмус+ проектот

Разни методи кон една цел – Успешно Инклузивно Образование!

Various methods towards one goal – Successful Inclusive Education!

Во периодот од септември 2018 година до февруари 2021 година нашето училиште ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа го имплементираше Еразмус+ проектот Various methods towards one goal – Successful Inclusive Education! кој се реализираше со партнер училишта на нашето училиште од Полска, Италија, Шпанија, Грција и Финска. Главна цел на проектот беше инклузијата на учениците како и подобрување на образовниот процес преку вклучување на иновативна методологија. Во текот на имплементацијата на проектот беа реализирани неколку обуки во училиштата партнери на проектот кога и беа покрај другото разменети искуства и добри практики. Еразмус+ проектот заврши со издавање на книга во која е изнесена иновативната и педагошката методологија со која наставниците и учесниците во образовниот процес се сретнаа и ја елаборираа од страна на сите училишта партнери во проектот.

 

Овде може да го погледнете изданието на книгата: