ПРВА ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ ПРЕКУ ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ „Boosting Entrepreneurial skills“

Во периодот од 17. до 22. ноември 2018 год. три наставнички од ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа присуствуваа  на првата обука од Еразмус+ проектот „Поттикнување на претприемачките вештини“ (Boosting Entrepreneurial skills“) која се

реализираше во Истанбул, Турција, со партнерските училишта на нашето училиште од Шпанија, Турција, Романија и Бугарија, вклучени во имплементацијата на проектот. На оваа работилница од нашето училиште присуствуваа  Ѓурѓица Косовска, наставник – координатор на проектот, Марија Петрова, наставник по англиски јазик, Добринка Ласкова – наставник по одделенска настава.

Тема на првата обука од Еразмус+ проектот беше Старт-апи. Основи на финансии и менаџмент“ - “Start-ups. Financial and Management Basics.

На организираната средба трите наставнички од нашето училиште го посетија училиштето во Истанбул, Турција. На оваа средба се запознаа со партнерските училишта во проектот, учеа за нивните земји, разговараа за важноста на претприемачкото образование во училиштата низ Европа, согледуваа и разговараа за потребата на интегрирањето на претприемаштвото во најрана училишна возраст, се анализираше почетната ситуација на претприемачкото образование во партнерските училишта, се дискутираше за поттикнувањето на учениците во иднина да покренат свој старт-ап. Координаторите во партнерските училишта разговараа за тековните и следните активности за имплементацијата  на проектот. За време на оваа посета, наставниците се запознаа со Турската култура, нивните обичаи и традиција. Меѓу останатите активности, посетија непрофитна организација што им помага на луѓето со Алцјамерова болест, детска градинка и непрофитна организација која се бори за човековите права.

Нашите наставнички се вратија од Еразмус+ обуката со позитивен однос кон интегрирањето на претприемачкото образование во училишните програми.

Повеќе фотографии може да се погледнат на следниот линк:

https://boostingentrepreneurialskillserasmusplus.com/photo-albums