Во периодот од 03. до 09. февруари 2020 год. една наставничка и 6 ученика од ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа присуствуваа на четвртата обука од Еразмус+ проектот „Поттикнување на претприемачките вештини“ („Boosting Entrepreneurial skills“)
која се реализираше во Пазарџик, Бугарија, со партнерските училишта на нашето училиште од Шпанија, Турција, Романија и Бугарија, вклучени во имплементацијата на проектот. На оваа работилница од нашето училиште присуствуваа Ѓурѓица Косовска, наставник – координатор на проектот и учениците Илија Добринов, Илија Бошков – ученици во деветто одделение, Ристе Петров, Каме Вешков – ученици во седмо одделение, Душко Јовески, Божидар Стефанов, ученици во шесто одделение.
Тема на четвртата обука од Еразмус+ проектот беше „Старт-апи и маркетинг“ - “Start-ups and advertising”. На обуката учениците се дружеа и соработуваа со ученици од 12 до 14 годишна возраст. Учиниците за време на обуката се запознаа со поимот маркетинг во претприемаштвото, целите на маркетингот, видовите на маркетинг, методите на ефективен маркетинг, како и со онлајн алатките за маркетинг во последните години. Тие работеа со ученици во мешани интернационални тимови и развиваа вештини потребни како за секојдневниот живот така и за претприемачката област. Нивната заедничка комуникација низ проектните активности допринесе обуката да има Европска димензија и да ги интегрира сите ученици во заедничко општество. Учениците и наставниците се запознаа со образовниот систем во Бугарија и направија споредба со Македонскиот образовен систем. За време на обуката, учесниците на обуката имаа можност да се сретнат и запознаат со локални Бугарски претприемачи од мали и големи биснис компании. Воедно, учениците низ работилници работеа на изготвување на маркетиншки планови и на проектирање на маркетиншки стратегии за одредени старт-ап идеи.
Повеќе фотографии може да се погледнат на следниот линк:
https://boostingentrepreneurialskillserasmusplus.com/photo-albums
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |