Обука во рамки на Еразмус+ проектот „Да ги сочуваме рајските градини на Европа“- „Let's save the paradise gardens of Europe“

Училиштето ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа, во периодот од 15 до 19 ноември 2021 година организираше обука во рамки на Еразмус+ проектот „Да ги сочуваме рајските градини на Европа“- „Let's save the paradise gardens of Europe“. На обуката присуствуваа ученици и наставници од партнерските училишта од Полска, Латвија и Португалија, како и од Италија и Романија кои присустуваа онлајн за време на обуката.

Името на обуката беше „Арт – терапија како клуч за успех“ – „Art-therapy a key to success“. На настанот сите училишта ги презентираа своите училишта, земјата, културата и образовниот систем во нивната земја. За време на обуката учениците и наставниците учествуваа на работилници за креирање на уметнички видеа од нивните изработки изработени со материјали од природата на тема „Природата и околината во сите годишни времиња“, потоа на работилници за екосистемите во Македонија и на презентации за националните паркови во земјите учеснички на проектот.

За време на престојот во Македонија, учесниците имаа можност да се запознаат со градот Кавадарци и неговата култура, се одржаа и студиски посети на Скопје и Охрид.

Во Охрид се запознаа со околината на Охридското езеро кое е заштитен појас на УНЕСКО и едно од најстарите езера во Европа со богата флора и фауна карактеристична само за ова езеро. Потоа го посетија Музејот на Коските како еден значаен археолошки локалитет на водите на Охридското езеро. Посетата продолжи во Манастирот Св. Наум, па потоа и во самиот град Охрид, каде ги посетија „Куќата на Робевци“, црквата „Св. Софија“, Самоиловата Тврдина, стариот дел од градот на Охрид, и разгледаа многу примероци од рачноизработуван накит со охридски бисери.

Во студиската посета на Скопје учесниците имаа можност да се запознаат со убавините на Кањон Матка и да го погледнат одржливиот систем за добивање на обновлива електрична енергија, овде направија и прошетка со брод по бистрите води на Матка. Потоа се продолжи во центарот на Скопје, главниот град на Македонија, каде учесниците се запознаа со културата во главниот град, разгледаа многу знаменитости и дознаа за историјата на Македонија. Исто така се посетија и Меморијалната куќа на Мајка Тереза и Старата Чаршија на Скопје.

Исто така за време на обуката во дворот на нашето училиште беше засадена Магнолија Грандифлора, дрво кое е еколошки симбол на проектот и кое ќе биде негувано од страна на учениците и вработените во нашето училиште.

Сите учесници си заминаа со позитивни чувства и големо знаење за нашето училиште, култура и земја.

Повеќе фотографии може да се погледнат на следниот линк:

https://www.facebook.com/Let-us-save-the-Paradise-Gardens-of-Europe-112304977358671