за Нашиот патрон
Тиквешијата со векови наназад била колевка на голем број револуционери и борци за слобода,кои нежалејќи го својот живот се бореле за поубава и посветла иднина на својот народ.Една од најзначајните личности од историјата на тиквешкиот крај е учителот,револуционер и борец,Димката Ангелов Габерот.Неговото име е толку врежано во свеста на луѓето што во срцата на народот од овој крај прерасна во легендарна личност.
за Нашето училиште
На неполни 2km од Кавадарци се наоѓа селото Ваташа. Се спомнува ли Ваташа спонтано мислите ни запираат на три големини од нашето историско и револуционерно минато, 12-те Ваташки младинци, народниот херој Страшо Пинџур и легендарниот народен херој Димката Ангелов Габерот.
Селото Ваташа е стара населба во која економскиот и и културно – просветниот развој почнал многу одамна, дури порано и од Кавадарци. Се вели дека првата печатница била отворена во 1936 год. во с. Ваташа од Даскал Камче. За прв пат училиште во с. Ваташа е отворено во 1918 год. и работи во старата зграда. Училиштето е пренесено во новоизградената зграда во 1948 год. и со Решение на Народниот Одбор на општина Кавадарци го добива името Димката Ангелов Габерот. Селото Ваташа гравитира кон општина Кавадарци и брои околу 800 семејства, односно 3600 жители. С. Ваташа е мултиетчка средина, која опфаќа 85% население од македонска националност и 15% од ромската заедница. Населението во с. Ваташа е претежно се занимава со земјоделство, а помладата популација во потрага по подобри услови за живеење својата егзистенција ја бара во Кавадарци. Кавадарци е град со познато културно – историско минато, град на грозјето и виното, сеpeнадата, а со право може да се каже дека е и индустриски град во кој најзначајно место завзена фабриката Фени – Индустри, која со својата работа е позната и надвор од границите на нашата држава.
Нашата визија
Училиште според потребите на учениците и општествената средина во кое се стимулираат индивидуалниот развој на секој ученик и се развива свеста за правата и одговорностите на ученикот.
Нашата мисија
Училиште во кое ќе обезбедиме квалитетни и современи услови за работа,стимулативна и безбедна средина за учење, толеранција и хармонија помеѓу учениците и почитување на различностите, одговорност и грижа кон животната средина.
Димката Ангелов Габерот
цели на Визијата
За достигнување на Визијата училиштето треба да ги реализира следните цели и задачи:
На учениците да им овозможи индивидуален развој сообразен со нивните предиспозиции, возраст и карактеристики;
На учениците да им се обезбеди стимулативна и безбедна средина за учење;
На учениците да им се овозможи стекнување на знаења, умеења од областа на природните науки, општеството и изучувањето на јазиците;
Континуирано следење на напредокот на учениците, поттикнување на емоционалниот и социјалниот развој;
Да овозможи развивање на интелектуалните и другите способности и воспитни вредности на личноста на ученикот;
Кај учениците да развива истражувачки дух и да го збогатува интересот за примена во секојдневието;
Усогласување на ставовите и критериумите за оценување на учениците - реалност во оценувањето;
Континуирана соработка со родителите преку збогатување на формите на соработка;
Соработка со воспитно-образовни и културни институции, органи и организации од локалната средина;
Континуирано осовременување на образовната технологија;
Да им овозможи на учениците успешно завршување на основното образование и оспособување за продолжување на натамошната наобразба.
наставен кадар
ООУ Димката Ангелов Габерот од с. Ваташа - општина Кавадарци располага со високо стручен и искусен кадар кој ја спроведува наставата и ги остварува условите за одвивање на наставата
ПЕРСОНАЛ
ООУ Димката Ангелов Габерот од с. Ваташа - општина Кавадарци располага со високо стручен и искусен кадар
стратешки цели
Стратешка цел 1. Подобрување на просторните и материјалните услови за работа;
Стратешка цел 2. Унапредување на професионалните компетенции на наставниот кадар (Професионално усовршување);
Стратешка цел 3. Подобрување на квалитетот на наставата.
планирани проекти
Во рамки на Еразмус+ програмата ќе бидат спроведувани активности за имплементација на завршните делови од проектните активности во учебната 2025-2026 за проектот PAW. Овој проект е во завршниот процес, по барање на координаторот на проектот беше пролонгиран за четири месеци. Завршните активности ќе се спроведуваат до крајот на учебната 2025-2026 година. Не се планирани мобилности на наставници и ученици.
поддршка на учениците
Вовед
Во нашето училиште соврeмениот воспитно-образовен процес се стреми кон почитување на индивидуалните особини на личноста, почитување на можностите и потенцијалните способности на личноста и растеретување на проблемите. За општата состојба и грижа на учениците придонесува раководителот на паралелката, а исто така за општата состојба за односите помеѓу наставниците и учениците голем придонес има и односот на директорот и педагошко - психолошката служба во училиштето.
Постигнување на учениците
Училиштето става акцент на постигањата на сите ученици. Наставниот кадар ја организира средината за учење со поставување на јасни очекувања во однос на постигањата, редовноста и дисциплината на учениците. Учениците се мотивирани за соодветни постигања на ниво на училиште и на национални оценувања. Наставниот кадар ја користи пофалбата како начин на мотивирање. Училиштето ги промовира постигањата на учениците во рамките на училиштето и во пошироката локална средина. Учениците имаат можности (согласно своите способности и интереси) да ги изразат своите креативни потенцијали во наставата и во воннаставните активности. Училиштето има политика на поттикнување на наставниот кадар и учениците да учествуваат и постигнуваат успех на натпревари на локално, регионално и државно ниво. Училиштето ги наградува учениците што постигнале успех, како и нивните ментори-наставници кои максимално се залагаат за тоа со книги или училишен прибор. Учениците во текот на школувањето кои завршуваат со континууран одличен успех и пред се постигнале високи места на државни или регионални натпревари се стекнуваат со титулата ученик или првенец на генерацијата.

