Основното училиште Димката Ангелов Габерот од с. Ваташа претставува расадник на креативни сили, кои се подготвени да се исправат пред предизвиците на модерното време, кое бара нови идеи, знаења и вештини.
Во остварување на мисијата и визијата на училиштето активно се вклучени Директорот на училиштето, стручните соработници, сите наставници и останатите вработени во училиштето.
Училиштето има успешна соработка со локалната средина, а целта на оваа соработка е да се стави во педагошка функција се што локалната средина може да понуди за поуспешно остварување на програмските задачи на училиштето, а исто така училиштето да влијае на подигање на културно – образовното ниво на месното население. Во рамките на ова подрчје училиштето организира и реализира посебни програми за одбележување на значајни датуми, јубилеи и учество на културни манифестации.